Студио 1 тема: „Не игнорирај, реагирај за подобра животна средина“

Доделени наградите за најдобар медиумски производ од конкурсот „Изрази се преку медиумите“. Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги додели наградите за најдобрите средношколски медиумски производи добиени на конкурсот „Изрази се преку медиумите“.

Овој конкурс ИКС и Високата школа за новинарство преку средношколскиот весник „Медиум“ го организираат 10 години. Темата за годинешниот конкурс е „Сакам да живеам во чиста околина“, која е дел од кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ што ја реализира ИКС со финансиска поддршка на Владата на Обединетото Кралство.

Александра Теменугова и Дејан Андонов од Институот за комуникациски студии во Студио 1 разговараа токму на темата „Не игнорирај! Реагирај!.

„Ова што го работиме со средношколците го работиме цела деценија, а тоа е промовирање на медиумската писменост. „Медиум“ е една програма на ИКС на која секоја година ги поттикнуваме средношколците да се изразуваат на тема која што е нивен, а и општествен интерес. Средношколците ни дадоа мошне инспиративни и креативни фото-видеа каде што гледаме дека знаат во какво општество сакаат да живеат, а тоа здрава и чиста околина. Добивме скоро 50 апликации од 24 училишта од цела Македонија. Баравме да ни кажат што би промениле во средината каде што живеат. Видовме диви депонии, запуштени места и слично. Повикуваат на свест кај самите ученици, но и од одговорните институции“, изјави Теменугова.

„Писменоста не подразбира дека треба професионално новинарски да се изразуваат. Треба да го откријат проблемот на заедницата. Можат преку постер, преку пишување текстови, фотографирање, односно да знаат да се изразат. Тоа и младите го прават. Оваа кампања е логичен редослед на она што го прави ИКС, да се барат што повеќе одговори и решенија од различни институции.“

Целиот разговор погледнете го во видеото: