ALB
arbana24.jpg
Лејла има само неколку дена и денес излегува од Гинекологија Мајка Терза во Чаир. Нејзината мајка Милена Мусовска зема флаер на кој пишува Дрво за секое дете. Вели дека ќе засади дрвце за нејзината ќерка во градскиот парк во Скопје.

„Па добро е да се засадуваат дрвја за загадувањето прво да се намали. И второ е убаво дечињата да гледаат како им расте нешто што е засадено во нивна чест“, изјави Милена Мусовска – мајка.

До сега има над 300 дрвја кои носат имиња на деца. За нив се грижи претприатијето Паркови и зеленило.

„Родителите  за секое новороденче во Скопје можат да засаадат дрвце во некој од градските паркови. На секое дрвце ќе има плочка со името на детето и датумот на раѓање. Дрвото ќе биде засадено во сезонска акција на која било достапна локација, според изборот на родителите. 18 локации се достапни во Скопје. По напуштањето на клиниката, родителите ќе мора да го дадат кодот добиен на 071 395 395“, вели репортерката на ТВ21, Арбана Ќерими Климента.

Луна веќе има свое дрвце во градскиот парк во Скопје. Денес нејзините родители Аида и Ваљон Салиу беа да го посетат и да видат како расте.

„Со растење на дрвото, ќе расе и нашата ќерка. Се надевам дека ќе се поврзе со природата и ќе и се подигне свеста и ќе добије информации како и колку тежина има животната средина. Се надевам дека оваа работа ќе ја сподели со нејзините пријатели. Како што ќе расте и новите генерации ќе бидат посвесни за тоа како треба да се чува животната средина“, изјави Ваљон Салиу од Град Скопје.

Никола Ѓоргиевски од „Плоштад слобода“ вели дека ова е популистички пристап и нежна мерка наспроти тоа што може да се направи од страна на институциите.

„Тоа психолошки може да влијае, но пострашно е тоа што животната средина е загадена и поради тоа што овие деца не растат во здрав зелен град. И мислам дека ваквите интервенции се нежни во контекст на тоа колку е лоша амбиенталната состојбата, климатска и еколошка“, изјави Никола Ѓоргиевски од НВО „Плоштад слобода“

Директорот на Паркови и зеленило Адријан Муча вели дека треба да се работи повеќе на подигнување на свеста кај граѓаните за чување на зеленилото.

„Имаме секојдневно кршење дрвја. При паркирање на автомобили наидовме на ситуации каде што возач има скршено дрввја за да се паркира.  А да не зборувам за крадење на цвеќиња што се прави секој ден. Секој ден имаме извештаи за украдени нови цвеќиња што ги садиме”, изјави Адријан Муча – директор на паркови и зеленило.

Државите на разни начини се борат за обновување на уништените дрвја и зачувување на животната средина. Колку за илустрација, на Филипините донесен е закон според кој ниту еден ученик или студент не може да добие диплома за завршено образование доколку не засади минимум 10 дрвца. Надлежните пресметале дека според бројот на студенти и ученици и 10 отсто преживување на засадените садници, секоја години во Филипините ќе има 175 милиони нови дрвја.

РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ.КЛИМЕНТА

Со овој прилог, ТВ 21 се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје. Прилогот е првично објавен ТУКА.