vremeto-ke-se-stopluva-a-jaglenot-ke-ne-ladi-i-true.jpg

И изминатото топло лето во домовите и на работните места тешко ќе го „преживеевме“ без уредите за климатизација. Лесно може да си претставиме како ќе живееме во следните неколку декади, ако, според проценките, просечните температури продолжат да растат. Со уште повеќе клима уреди.

Проблемот е што тие работат на електрична енергија и со зголемувањето на потребата за ладење ќе се зголемува и потрошувачката на струја. Според Вториот двогодишен извештај за климатските промени во Македонија, секторот Енергетика емитува најмногу стакленички гасови во воздухот (околу 80 проценти од вкупните емисии), главно поради употребата на јаглен, со што се задоволуваат 80 проценти од потребите за енергија во земјата. Истовремено, количеството енергија произведено од обновливи извори на енергија (ОИЕ) изнесува само 15 проценти од вкупното производство на енергија. Остатокот од потрошувачката на струја се покрива со увоз.

Ако не се преземат мерки, до 2050 година, потрошувачката на енергија се предвидува да порасне за 80 проценти, со што ќе се зголемува и потрошувачката на јаглен со вкупен раст од 128 проценти, главно во индустријата. Ова, пак, ќе придонесе емисијата на јаглерод диоксид (CO2) да се зголеми за 29 проценти до 2050 година.

Фото и обработка: Кире Галевски
Текст: Јане Димески

Производот го изработи Институтот за комуникациски студии.