prezentacija-na-merki-za-namaluvanje-na-bucavata-vo-skopje-i-bitola.jpg
Техничкиот факултет - Битола и Институтот за комуникациски студии - Скопје Ве покануваат на презентација на мерки за редукција и контрола на бучавата од патниот сообраќај во Скопје и Битола, која ќе се одржи на 23 април (вторник) од 11:00 до 12:00 часот во Техничкиот факултет - Битола.
 
Според Светската здравствена организација, бучавата од сообраќајот е втор најголем проблем во животната средина во Европската Унија, по загадувањето на воздухот. Бучавата го опфаќа секој звук кој влијае врз психичката и физичката состојба, така што ја попречува и ја смалува продуктивноста на работа, предизвикува вознемиреност и стресни реакции, го оневозможува одморот и штети на здравјето и на расположението. Изложеноста на повисоки нивоа на бучава доведува до предвремена смртност, кардиоваскуларни болести, когнитивни нарушувања, нарушувања на спиењето, хипертензија и на крај вознемиреност и сериозни психички пореметувања. Загадувањето со бучавата во градовите претставува сериозен здравствен проблем, а транспортниот сектор е главна причина за тоа.
 
Оттука, студенти на отсекот Сообраќај и транспорт на Техничкиот факултет – Битола извршија мерења на пет селектирани локации во Скопје и Битола, на кои има интензивен сообраќај и на кои се наоѓаат објекти кои се чувствителни на бучавата, како што се болница, училишта и станбени зони. Анализата за загадувањето од бучавата и предлог - мерките за намалување на бучавата ќе ги претстават проф. д-р Никола Крстаноски и вон. проф. д-р Бети Анѓелевска од Техничкиот факултет.
 
Ве покануваме да учествувате на презентацијата и да се вклучите во дискусијата со ваши размислувања и предлози на темата.
 
Презентацијата се организира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.
 
 
Контакт лица:
Бети Анѓелевска, Технички факултет – Битола - This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., 075 295 717
Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии - Скопје - This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., 071 317 661