Приносите на земјоделските производи ќе се намалат ако не се преземат мерки за прилагодување кон климатските промени. Со намалување на продуктивноста, ќе бидат потребни поголеми површини за обезбедување принос, зголемен увоз и повисоки цени, вели проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна, во излагањето на конференцијата „Климатскa акција: Да се спречува и да се лекува“. Институтот за комуникациски студии ја организираше конференцијата како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.