Gostivar-ima-sampion-vo-velosipedizam-a-nema-velosipedski-pateki-intro.jpg

13 годишниот Даим Мухареми е најмладиот шампион во Македонија во велосипедизам. Секое утро се облекува и вежба два часа, потоа тргнува на училиште. До сега учествувал на многу натпревари и освоил многу медали. Недостатокот од велосипедски патеки и посебни места за велосипедизам му ги отежнува подготовките за натпревари.

-Велосипедски патеки во Гостивар нема. За да вежбаме одиме во Маврово или на  други места. Неколку пати ме има удрено автомобил, но не сум се здобил со потешки повреди – изјави Мухареми.

Тренерот на велосипедскиот клуб „Адреналин“, Шпенд Калиси, вели дека на клубот му треба поголема поддршка од општината и приватните компании.

-Според условите што ги имаме, имаме голем успех бидејќи од нашиот клуб има светски шампиони. Имаме неколку натпреварувачи кои се шампиони на Македонија. Учествуваат во други држави како Косово, Албанија, Турција, Србија. Сме учествувале на натпревари и во Италија-вели Калиси.

Членовите на велосипедскиот клуб Раметула Абдураими – Дебреш, велат дека секој ден се соочуваат со разни предизвици. Возачите на автомобили воопшто не внимаваат. Имало случаи кога добивале дури и закани.

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари рече дека за оваа година општината ќе одвои 150 илјади денари за велосипедистите од Гостивар.

-Уште од минатата година баравме, со помош на една агенција, да се подготви проект план за Гостивар за велосипедски патеки. Го чекаме тој проект и потоа да видиме каде може да се направат. Доколку не може во центарот, размислуваме да ги направиме на периферија од градот.-рече Таравари.

Инаку, следната сабота неформалниот велосипедски клуб Раметула Абдураими – Дебреш, ќе направи тура во чест на веќе починатиот Раметула Абдураими кој животот го загуби во Ласкарци, а беше страстен љубител на планинскиот велосипедизам. Турата ќе биде 40 километри со почеток од село Дебреште до Чегране.

Со оваа сторија ТВ 21 се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ на Институтот за комуникациски студии.
Сторијата е првично објавена ТУКА.