Библиотека

Библиотеката содржи онлајн материјали за едукација во областа на животната средина на македонски и на албански јазик, а кои се наменети за наставници и за ученици во основно образование. Оригиналните материјали на англиски јазик се изработени за поддршка на Целите за одржлив развој на ООН и под покровителство на различни агенции на ООН (UNESCO, UNICEF, UN Enviornment). Сите материјали нудат креативни, интересни и авантуристички идеи за создавање правична и позелена иднина, во контекст на интересите и животот на децата. Целта е учениците да научат за предизвиците од климатските промени и како да се справат со нив.
Image

Изладете ја климата (прирачник за наставници)

Прирачникот за наставници „Изладете ја климата“ содржи планови за лекции за климатски промени за ученици од прво до петто одделение. Прирачникот е придружен со различни едукативни помагала кои можат да се користат за реализација на часовите.

МК   ALB

Image

Изладете ја климата (стрип)

Со стрипот „Изладете ја климата“ децата ќе се запознаат со сите чекори за климатска акција, што е јаглероден отпечаток и како можат да го намалат, и ќе научат како да го направат овој свет поубаво место за живеење. Стрипот истовремено е придружно едукативно помагало на Прирачникот за наставници.

МК   ALB

Ана Сончевзрак и пријателите го заштитуваат животот во водата! (стрип)

Ана Сончевзрак е вселенско битие со невероjатни моќи и вонземска технологиjа. Таа е хероjски водач на екипата „Решение за загадувањето“, битие кое не старее и кое доjде на планетата Земjа за да ги заштити океаните и твоjата животна средина.

МК  ALB

Image

Патролата Посејдон (стрип)

Деца, внимание! Во овој стрип има големи морски суштества, а вие сте во водата и во центарот на сите случувања. Затоа, ставете ги очилата за пливање, облечете ги пераите и веднаш нурнете се во водата заедно со Патролата Посејдон.

МК   ALB

Image
Image

Неверојатните еко-изуми (илустрирана книга)

Оваа замислена мала приказна е повик до сите нас. Едно мало момче и неговиот брат покажуваат на кој начин науката, кога се користи на праведен и чесен начин, може да го промени светот на подобро. Кога ја напишал книгата, авторот имал само 11 години.

МК   ALB

Image

Изумот на големата зелена лоза (илустрирана книга)

Генијалното момче - изумител од оваа книга постојано навлегува во тајните на универзумот и нуди визија за развој која е усогласена со другите и со природата. Тој и неговите соученици се потсетник дека училиштето е најдоброто место да се започне со позитивна промена.

МК   ALB

Изладете ја климата (видео)

Во еден многу топол ден, нилскиот коњ Сајмон, птицата Пепо, кристалната божица Сузе и глушецот Боби тргнуваат на патување преку кое ни прикажуваат како глобалното загревање ја менува климата и ја уништува нашата Земја. Тие исто така не советуваат како да го намалиме нашиот јаглероден отпечаток. Знаеш што е тоа? Погледни го видеото и научи од песничките.

Ftohni klimën! (video)

Në një ditë shumë të nxehtë, hipopotami Simon, shpendi Pepo, perëndesha e kristaltë Suzi dhe miu Bobi nisen për udhëtim përmes së cilit do ta na tregojnë se ngrohja globale e ndryshon klimën dhe e shkatërron planetin tonë. Ata gjithashtu na këshillojnë si ta ulim gjurmën tonë të karbonit. E dini se çfarë është kjo? Shikoni videon dhe mësojeni nga këngët.

logo-footer1.png

iks logo footer

© 2019, Институт за комуникациски студии

Контакт инфо

+389 2 30 90 004       info@iks.edu.mk

Пребарај