About Me

„НЕ ИГНОРИРАЈ! РЕАГИРАЈ!“
Кампања од јавен интерес за подобра животна средина

Ги охрабруваме сите кои се загрижени за животната средина да ни се приклучат на кампањата, да го кренат својот глас и да преземат акција за подобрување на условите во кои живееме.

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии. Нашата цел е да го ​​зголемиме притисокот кон јавните институции за поефикасно решавање на проблемите од животната средина и истовремено да го поттикнеме и насочиме граѓанскиот активизам кон државните и локалните институции за прифаќање на концептот на одржлив развој. „Не игнорирај, реагирај!“ е платформа која обединува експерти од различни области, граѓански активисти, екологисти, креатори на јавно мислење, невладини организации и граѓански иницијативи, медиуми и поединци со цел:

  • да ги изложиме проблемите со кои се соочуваме како заедница;
  • да ги насочиме прашањата кон соодветните институции;
  • да провоцираме решенија за подобра животна средина и квалитет на живеење.

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ ги опфаќа следните клучни теми:

ОДРЖЛИВИ ГРАДОВИ (март – април)

  • Правилно просторно и урбанистичко планирање
  • Повеќе градски паркови и зеленило за сите
  • Развиена и соодветна транспортна инфраструктура
  • Ефикасно управување со отпад

ЗДРАВА ОКОЛИНА (мај-јуни)

  • Чист воздух наместо чад
  • Здрава почва и чиста вода
  • Подобра урбана хигиена
  • Урбан биодиверзитет

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ (септември-октомври)

  • Рационална употреба на енергија
  • Чисти горива

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ се реализира како дел од проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.

 

Лица за контакт:
Дејан Андонов, програмски координатор, dandonov@iks.edu.mk, 071 317 661
Лејла Шабан, проектен менаџер, lsaban@iks.edu.mk, 071 370 337

Кампањата се спроведува во соработка со факултети, средни училишта, граѓански иницијативи и еколошки организации. Голем број медиуми се приклучија кон кампањата и ќе информираат за активностите на „Не игнорирај! Реагирај!“ во текот на 2019 година.

Партнери на кампањата:
  • Институт за биологија - Скопје
  • Шумарски факултет - Скопје
  • Архитектонски факултет - Скопје
  • Машински факултет - Скопје
  • Факултет за природни и технички науки - Штип
  • Технички факултет – Битола
  • Граѓанска иницијатива „Здравје пред профит“

 

 

 

 

 

       
Медиумски поддржувачи:
  • МРТВ (Прв програмски сервис и Радио 2)
  • Телевизија Телма
  • Телевизија 24
  • Телевизија 21
  • Радио Канал 77
  • Радио Сити
  • Радио Клуб ФМ
  • Радио Буба Мара
  • Нова Македонија
  • Коха
  • Порта 3
  • МКД.мк
  • НоваТВ.мк
  • Радио МОФ
logo-footer1.png

iks logo footer

© 2019, Институт за комуникациски студии

Контакт инфо

+389 2 30 90 004       info@iks.edu.mk

Пребарај