ДУП-от предложен за „Расадник“ предизвика бура од реакции. Урбанистите, архитектите, власта, инвеститорите - секој гледа од свој аспект, некој во потрага за подобар проект, друг во трка по гласови, трет во трка за пари.

Од десет објекти во кој живеат и рабтоат граѓаните е енергетски неефикасен. Останатите се без изолација. Овој деценски пропуст во градењето државата и граѓаните на годишно ниво ги чини 40 отсто повисоки трошоци за греење во зима. Енергетската неефикасност на објектите придонесува за половина од загадувањето на воздухот, а со тоа не оддалечува од европската унија тврдат градежниците и научниците.

Додека секој според средствата и можностите бара начин да ги ублажи симптомите, група креативни студенти од Машинскиот факултет во Скопје бара лек за болеста наречена енормно загаден воздух.

Нема освестување кај државните институтуции за климатските промени, кои се случуваат пред нашите очи и веќе одземаат човечки животи. Ниту една Влада не му посвети доволно внимание на овој проблем иако многу побрзо отколку што мислиме промената на климата може да не остави без храна и вода за пиење и целосно да го смени досегашниот начин на живот во Македонија.

Жителите на селото Бозовце се загрижени дека животот што им го дава дивата планинска река, наскоро ќе им биде насилно одземен. Над малото село високо на Шара, подготовките за изградба на хидроцентралите се веќе започнати

Проценките се дека просечните температури ќе продолжат да растат во следните декади, а со зголемувањето на потребата за ладење ќе расте потрошувачката на струја, која во Македонија се произведува главно (80%) од јаглен. Ако не се преземат мерки, загадувањето на воздухот со јаглерод диоксид ќе се зголеми за 29 проценти до 2050 година.

Почестите шумски пожари и промените во продуктивноста на шумите значајно го намалуваат апсорбирањето на стакленичките гасови, биолошката разновидност и шумскиот поенцијал за ублажување на промените во климата.

Интензивните и концентрирани врнежи предизвикуваат лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и поплави поради што секоја година се губат околу 17 милиони кубни метри обработлива почва.

Министерството за животна средина ќе воведува даноци и надоместоци за помалку еколошки возила. Универзитетскиот професор Никола Поповски се согласува дека оној што произведува и купува производи кои емитуваат јаглерод диоксид треба да плаќаат повеќе и предлага овие давачки да се наменат за еколошка заштита.

Шефот на државата Стево Пендаровски вети дека ќе преземе се што е во негова надлежност со цел да се ублажат негативните ефекти од климатските промени и упати јавен апел до сите надлежни во земјава да го зголемат својот ангажман.

Стратегијата за одбрана ќе биде дополнета со посебен дел за мерки и активности за еколошка безбедност, а првпат во историјата на дневен ред на Советот за безбедност ќе биде заштитата на животната средина.

Климатските промени не се процес кој не чека во иднина, туку се наша реалност денес, која влијае врз нашиот квалитет на животот, здравјето, економските процеси, врз инфраструктурата.

Ќе преземам се што е во моја надлежност за да се ублажат негативните ефекти од климатските промени- изјави претседателот Пендаровски. Повика сите активно да се вклучат во креирањето поздрава животна средина. На конференцијата во рамките на кампањата „Не игнорирај- реагирај“, експерти од земјава и регионот дискутираат за ризиците и за решенијата за ублажување на климатските промени.

Пократките и поблаги зими ќе имаат погубен ефект врз Маврово. Се оценува дека зголемувањето од 2°C во средната температура до 2030 година, ќе ја помести висината на снежната покривка што го става најпознатиот ски центар во Македонија во места со висок ризик.

Борис Секирарски своето 30 годишно работно искуство како метеоролг го искористил за да создаде свој изум - уред кој налик на семафор со трепкање предупредува од поплави.

Државата со децении не може да го реши проблемот со закопаниот линдан во фабриката ОХИС, а деновиве јавноста дозна и за два други отрови кои се закана за граѓаните на цело Скопје: винил-хлорид и метил акрилат мономер.

„Аерозагадувањето е многу високо и ја надминува дозволената граница и затоа очекувам здружени акции на релевантни институции, но и акции од нашите граѓани“, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во интервјуто со средношколците кои се сретнаа со него на Медиумскиот ден посветен на животната средина, а кој се организираше во рамките на кампањата „Не игнорирај! Реагирај“ на Институтот за комуникациски студии.

Сите треба да се трудиме да ги задржиме климатските промени на ниво на кое може да се преживее и да се обидеме да ја вратиме природата до рамнотежа која ни е потребна за да се опстане.

Расте бројот на болести на кожата како последица од високите температури предизвикани од климатските промени. Една од нив е малигниот меланом која е најтешка форма на карцином на кожата.

Скопје веќе години наназад се соочува со хроничниот проблем на аерозагадувањето. И периодов, на прагот на зимската сезона, прогнозите се песимистички.

Предвидувањата се дека ако просечната температура се зголеми за 2 степени до 2030 година скијачките центри Маврово и Крушево, кои се на помала височина, подобро да се преориентираат кон планинарење и велосипедизам.

Феноменот на климатски промени најмногу се препознава по драматичните временски промени, особено последниве години- зголемување на глобалните средни температури на воздухот и океанот, распространетото топење на снежната и ледена покривка и пораст на морското ниво.

Истражувањата покажуваат дека секторот енергетика и отпадот, најмногу емитуваат стакленички гасови.. Ако ги ублажиме климатските промени, ќе го намалиме и аерозагадувањето, велат екологистите...

Според податоците на Национални шуми, пошумувањето во 2017 година било над 200 хектари, во 2018 година пошумени се 400 хектари, а пак во 2019 година 200 хектари. Од друга страна, во 2018 година вкупно имало 129 пожари. Опожарената површина изнесува 2 илјади хектари, а дрвната маса која изгорела 4,5 илјади метри кубни.

Се смета дека климатските промени ќе предизвикаат најголемо влијание врз земјоделството, многу поголемо отколку во другите сектори во земјава. Тие ќе бидат причината за намалување на приносите кај најголем дел од културите.

Praktika e hedhjes së bërllokut në çdo kohë dhe aq sa duam duhet të marrë fund. Kujdesi ndaj një ambienti të pastër buron nga amvisëritë e qytetarëve. Shoqatat ekologjike vlerësojnë se këtyre proceseve duhet t’ju prinë komunat. Përpos shqiptimit të gjobave, ata propozojnë që për një periudhe të caktuar, deri sa të përmirësohet vetëdija e qytetarëve të zbatohen edhe masat e shpërblimit ndaj atyre që bëjnë selektimin e mbeturinave

Ќе се бориме со поместените годишни времиња и ќе „изгориме“ на растечките температури на воздухот, а прашањето за нашиот удел во ублажувањето на негативните последици од климатските промени, се чини како да им го отстапуваме на некој друг.

Në korrik dhe gusht të këtij viti bota e bimëve ishte pothuajse e vdekur, nuk kishte lule. Kjo ndikon negativisht te bletët, në zhvillimin e tyre, ndërpritet pjellshmëria, bletët e vjetra vdesin, nuk ka të reja, ndërsa numri i familjeve zvogëlohet, shprehen bletarët duke folur për ndikimin e ndryshimeve klimatike në bletari

Едукацијата на целокупното општество се смета како примарен фактор во справување со климатските промени, а заедничката соработка помеѓу невладините со локалната власт, во комбинација со медиумскиот придонес, може да ги забави процесите на климатски промени, ако веќе не може воопшто да ги анулира.

Скопскиот акведукт, археолошкиот локалитет Стоби и археолошкото наоѓалиште Плаошник се трите локалитети што се анализирани во извештајот од 2019 година за влијанието на климатските промени врз заштитата на културното наследство.

На Шар Планина се сечат илјадници дрва, алармира алпинистот и фотограф од селото Бозовце, Шахин Фазлија.Тој речиси секоја недела оди на една туристичка локација во Лешница, која се наоѓа 8 км од неговото село. Со својот фотоапарат направил многу фотографии на кои можат да се видат исечени дрва и багери. Вели дека се подготвува терен за изградба на хидроцентрала.

Për zvarritje e deritanishme të procesit të ndërrimit të sistemit të ngrohjes në Gjinekologjinë e Çairit, nuk ka përgjigje të saktë as zëvendës ministri i Shëndetësie, Asim Musa. Ai për gazetën KOHA, tha se të gjitha procedurat kanë përfunduar, përzgjedhja e kandidatit është bë dhe se të gjitha dokumentet janë në tavolinën e ministrit.

Ова лето во Македонија шумските пожари беа честа појава, а последиците огромни и во однос на опожарена површина неповратно загубени шуми, но и во однос на понатамошно влошување на состојбата со климатските промени, особено со квалитетот на воздухот.

Македонија, како земја во развој, има потреба од поголеми инвестиции во обновливи извори на енергија, преку кои директно ќе се намали зависноста од производството на „нечиста“ енергија.

Скопје само во 2018 година од својот водовод изгубило 13.665 олимписки базени питка вода. Можете да си замислите како би изгледале илјадници базени наредени еден до друг? Ќе изгледаат како езеро, како море.

Maqedoninë e Veriut, deri në vitin 2050 në vazhdimësi do të ketë pakësim të resurseve të ujit nëpër lumenj. Pritet që deri në vitin 2030 të ketë ulje më të konsiderueshme të rendimenteve të kulturave strategjike bujqësore, pasi që pikërisht bujqësia është sfera më e goditur nga pakësimi i resurseve të ujit.

Вистинска револуција низ годиниве предизвикуваа амбасадорите на странските земји, кои собирајќи го ѓубрето низ земјава, порачуваа постојано - граѓаните и властите се одговорни и треба да се справат со навиките.

Помалку од 10% од вкупното земјоделското земјиште во земјава се наводнува, додека најголемиот дел зависи од врнежите. Долгите суви периоди и топлотните бранови веќе доведоа до значителни загуби на производството.

Животната средина треба да биде приоритет, а сите останати политики да се прилагодат на нејзината заштита, предлагаат стручњаците. Според нив, работењето на РЕК Битола на јаглен нема иднина во енергетскиот сектор и треба да се инвестира во соларни електрани и да се поттикнува употреба на електрични возила.

Најмалку тројно повисоки сметки за струја ќе добијат граѓаните, ако се инвестира во РЕК Битола, наместо да се размислува за обновливи извори на електрична енергија.

Претпријатието „Градски енергетски системи“ формирано од Градот, правен субјект кој претендира да биде носител на енергетската политика на градот, и тоа во двата сегмента – во развојот на топловодната мрежа и нејзиното проширување и во развојот на гасификациската мрежа.

Новиот закон за енергетика кој е во потполна согласност со новите директиви на Енергетската заедница е во функција на заштина на животната средина. Воедно овој закон ќе ги поттикнува инвестициите на обновливи извори.

Новиот Закон за енергетика што беше донесен лани и е целосно во согласност со новите директиви за заштита на животната средина и за поттикнување на инвестициите во обновливите извори, веќе почна да се имплементира, објавени се неколку јавни повици и во тек е евалуација на сите понуди за градење на фотонапонски централи, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Преспа е првата прекугранична заштитена област на Балканот која опфаќа 3 национални паркови и 3 држави. Со заедничка декларација трите држави се обврзаа дека заедно ќе работат на заштита и одржлив развој на Преспа.

Двете депонии со линдан во кругот на поранешниот хемиски гигант ОХИС, предупредувањата на еколозите и на научниците на опасноста од овие недоволно заштитени депонии, проектите за отстранување на овие купишта отров не се доволни за државните органи да интервенираат во слободното издавање на деловниот простор од страна на новите сопственици.

Општото ниво на свест за животната средина и за проблемите со отпадот во Македонија е ниско, всушност, луѓето не се свесни за проблемите кои резултираат од несоодветното управување со отпадот и за негативните ефекти врз нивното здравје и врз животната средина и природата.

Во реките кај селото Слоештица во Демир Хисар живеат пелагониската пастрмка и речниот рак, кои се на листата на светски загрозени видови, а областа е прогласена за значајно растително и подрачје на птици.

Денеска, активисти од Меѓународниот центар за уметност “Арт Поинт- Гумно“, преку кампањата “Не игнорирај, регирај!“, со поддршка на Општината, локални активисти и еко- герилата “Мети си со класнето“ од Битола, ги чистеа речните депонии на овие реки.

Табла со слика на девојче облечено во суктината на баба Велика стара 200 години, во Слоештица, селото на легендарниот писател Петре М. Андреевски, ќе ги предомислува несовесните минувачи да не фрлаат отпад во Бела Река. На таблата пишува „Едно време ја пиевме оваа вода!“

Иако Општина Демир Хисар е еден од најубавите региони во Македонија, со голем број на шумски и водни богатства, сепак човечкиот фактор и негрижата успеале максимално да го загадат и овој предел.

И покрај природното и културното значење на овој регион, тој е запоставен. Еден од проблемите се и многуте диви депонии лоцирани до и во реките, кои се влеваат во Црна Река.

„Алармантно е тоа што интернационални финансиски институции поддржуваат проекти кои им наштетуваат на природните живеалишта во нашиот регион. Националните власти ја имаат одговорноста да обезбедат заштита на дивиот свет со загрозен статус.

Нема ЕУ без зачувување на животната средина. На патот на евроинтреграциите ќе мора да се зафатиме и со најзагадените области од нашето секојдневие - воздухот, почвата, водата.

Воздухот во градинките, училниците и спортските сали во Штип и Скопје е позагаден, отколку надвор од нив. Сообраќајот значително влијае на изложеноста на луѓето на загадувачките материи, а фекалиите од канализационите мрежи се најголеми загадувачи на реките Брегалница и Вардар.

Во градинките, училниците и училишните спортски сали во Штип и Скопје има поголеми концентрации на прашина и ПМ честички отколку во надворешниот воздух, сообраќајот значително влијае на изложеноста на луѓето на загадувачките материи, а фекалиите од канализациските мрежи се најголемите загадувачи на реките Вардар и Брегалница.

Во градинките, училниците и училишните спортски сали има поголеми концентрации на прашина и PM честички отколку во надворешниот воздух, сообраќајот значително влијае на изложеноста на луѓето на загадувачките материи, а комуналните отпадни води се најголеми загадувачи на Вардар и Брегалница.

Стотина велешани денеска собраа повеќе од 150 килограми пластични шишиња од повеќе локации во Велес. Во акцијата беа опфатени зградите околу Центарот за јавно здравје, градскиот пазар и околу автобуската станица, а се приклучија волонтери од основното училиште „Блаже Конески“, полицијата и јавното комунално претпријатие.

Стотина велешани денеска собраа повеќе од 150 килограми пластични шишиња од повеќе локации во Велес. Во акцијата беа опфатени зградите околу Центарот за јавно здравје, градскиот пазар и околу автобуската станица, а се приклучија волонтери од основното училиште „Блаже Конески“, полицијата и јавното комунално претпријатие „Дервен“.

Еколошкото друштво „Вила зора“ од Велес ги промовираше дваесетте новопоставени жолти метални контејнери. Поставени на исто толку фреквентни локации, граѓаните во нив ќе можат да ја одлагаат ПЕТ-амбалажата. Настанот имаше еколошка и едукативна цел.

„Кога не разбирате што ви се зборува, ќе мораме да ви нацртаме“ – е пораката на О2 иницијатива, граѓанско здружение кое се бори за здрава животна средина и чист воздух.

Граѓаните денеска со акција во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата, ставајќи синџири и оставајќи пораки за слобода на зеленилото, ги повикаа надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1.000 дрвја на територијата на Скопје, но и низ останатите градови во државата.

„Кога не разбирате што ви се зборува, ќе мораме да ви нацртаме“ – е пораката на О2 иницијатива, граѓанско здружение кое се бори за здрава животна средина и чист воздух.

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на зеленилото, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Иницијативата O2 во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на зеленилото, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на зеленилото, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Разновидноста на животните облици стотина вљубеници во природата ја преточија во био фотографии на изложбата „Урбани безрбетници“ што секоја година ја организира Истражувачкото друштво на студети биолози.

Од дежурната инспекциска служба на општина Кисела Вода, во чии граници се наоѓа ОХИС, велат дека се запознаени со присуството на депониите со линдан, но тие како општина не биле консултирани при издавањето на дозволи за работа и впишување на адресата на правни субјект со цел да реагираат.

Поради бетонската инвазија и намалувањето на зелените површини во градовите, особено во Скопје, живеалиштата на голем број растителни и животински видови се загрозени, предупредуваат од Македонското биолошко друштво.

Тротоари со возила, малку дрвја и метеж е сликата која и денеска може да се види ако се движите во Дебар Маало. Студентите по архитетура цел семестар работеа на ослободување на јавниот простор, па наместо непристапни тротоари, на 10 локации кои ги избраа треба да има велосипедски патеки, паркови и дрвореди.

Иако, познатите црвени кругови што покажуваат алармантни бројки речиси и ги нема во овој период, тоа не значи дека воздухот е кристално чист. Часовникот отчукува и бара решавање на проблемот со аерозагадувањето пред да почне новата зимска сезона.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut ka gjithsej 54 deponi komunale të cilat nuk i plotësojnë standardet themelore, përveç deponis “Drislla” në Shkup, 35 % nga ata janë të një rrezikshmërie të lartë për shëndetin e qytetarëve, ndërsa sipas të dhënave të organizatave joqeveritare ka edhe rreth 2.000 deponi të egra në vend.

Отворена изложба на хербариуми, фаунариуми и аквариум со примероци од повеќе градови во Македонија денеска е изложена во Градскиот парк, во организација на Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Дрвја оградени со бетон, едни заробени од кафулиња, други пак ги користат како заклучување на велосипедите. Оваа тажна слика може да се забелжи на секој чекор во центарот на Скопје.

„Родителите за секое новороденче во Скопје можат да засадат дрвце во некој од градските паркови. На секое дрвце ќе има плочка со името на детето и датумот на раѓање...“

5Г технологијата како петта генерација на мобилна мрежна технологија која обезбедува широкопојасен пристап, го подели светот. Иако станува збор за вистинска револуција која ја носи компјутеризираната иднина и го обликува новиот свет, од друга страна се противниците- нивните стравувањата се базираат токму врз одредени сознанија за штетноста која ја предизвикува 5Г.

Загубата на зеленилото во градовите не е проблем само на луѓето туку и на сиот жив свет во нив, кој се бори и со загадувањето на воздухот, водата и почвата. Од друга страна, пак, човекот е тој што владее во градските области, во кои живиот свет на свој начин се бори со сѐ за да опстои.

Rreth 15 organizata joqeveritare dhe iniciativa qytetare kanë bërë thirrje publike deri te kryeministri Zoran Zaev, ndërsa kërkojnë nga ai, Qeveria dhe institucionet gjegjëse në një afat sa më të shkurtër kohorë të deklarohen për “luftën” kundër kaosit me deponitë e egra.

Охрид сигурно ќе се најде на Листата на заштитени подрачја во опасност, бидејќи вообичаено препораките коишто ги дава Комитетот за светско наследство на УНЕСКО се усвојуваат, вели Ана Чоловиќ Лешоска од невладината „Еко – свест“, добитник на престижната награда за животна средина „Goldman“ за 2019, која се доделува секоја година на заслужни херои од областа на животната средина од сите шест населени континенти во светот.

Дали земјава има еко-стратегија за исфрлање од употреба на пластиката е прашање кое има два одговори, судејќи според ставовите на власта и невладиниот сектор- Ана Каранфилова-Мазневска од Министерството за животна средина и Анонио Јовановски од невладината Go Green.

Стотина извидници ја запознаа природата преку игри и забава, но во исто време учат како да ја чуваат и почитуваат. Традиционалната извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019" беше организирана од Првиот скопски извиднички одред.

“Vetë statusi që e ka deponia e Strugës si deponi e egër, është i mjaftueshëm për mbylljen e saj. U helmuam me këtë deponi. Nuk e di se si do ta zgjidhin këtë, nëse mund të zgjidhet fare”, thonë qytetarët struganë për Press Online, duke kërkuar zgjidhje për deponinë e egër që ndodhet në hyrje të këtij qyteti turistik.

Првиот скопски извиднички одред и Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!” денеска во Градскиот парк ја организираат традиционалната извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019″ на тема „Еко херои”.

Акција за чистење отпад ќе се одржи денеска кај стариот авто полигон под Кале во Скопје, во организација на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ како продолжение на нивните активности за расчистување на сметот на повеќе од 40 локации во изминатите десет месеци.

Me këtë vrull të ndërtimit, jo vetëm që hapësirat e gjelbra do të zvogëlohen, por edhe do të humbin tërësisht. Vet analizat për numrin e vdekjeve, sëmundjeve etj… që janë edhe me të theksuara për shkak të problemit me ndotjen e ajrit, mjaftueshëm flet se sa e gabueshme është kjo politikë dhe sa e gjithë kjo shkon në dëm të qytetarëve, thonë eko-aktivistë për gazetën KOHA

Македонската метропола го менува ликот. Никнуваат нови зданија за колективно домување. Заводот за статистика пресмета дека на ниво на држава, само во првиот квартал од годинава се издадени одобренија кои предвидуваат изградба на речиси 1.200 станови. Најголемиот дел се за Скопскиот регион.

Македонската метропола го менува ликот. Никнуваат нови зданија за колективно домување. Заводот за статистика пресмета дека на ниво на држава, само во првиот квартал од годинава се издадени одобренија кои предвидуваат изградба на речиси 1.200 станови. Најголемиот дел се за Скопскиот регион.

Македонската метропола го менува ликот. Никнуваат нови зданија за колективно домување. Заводот за статистика пресмета дека на ниво на држава, само во првиот квартал од годинава се издадени одобренија кои предвидуваат изградба на речиси 1.200 станови. Најголемиот дел се за Скопскиот регион.

Квалитетот на живот и здравјето на луѓето во градовите директно се поврзани со присутноста на урбаното зеленило. Ублажувањето на климатските промени и загадувањето на воздухот е директно поврзано со зазеленувањето.

Истражувавме колку се заштитени работничките во овој погон за производство на чевли, италијанска инвестиција, и какви мерки презема работодавецот за безбедноста и здравјето на вработените.

Zgjerimi dhe ndërtimi i pakontrolluar i qytetit të Shkupit, në vazhdimësi ka ndikuar në zvogëlimin e hapësirave të gjelbra në kryeqytet. Prezenca e automjeteve në trafik llogaritet si njëri faktorëve kryesore të ndotjes së ajrit. Për ti dhënë fund këtyre dhe shumë dukurive tjera negative, aktivistët qytetar e vlerësojnë të patjetërsueshme themelimin e Policisë Komunale

Пред четириесет години УНЕСКО го зеде под своја заштита целиот Охридски регион- 1979 година најпрво е запишано како светско наследство, заради своите природни вредности, за една година подоцна, се додаваат и културните, со што се заокружува повластениот и респектабилен статус.

Лекарите велат дека по децениска изложеност на загадувањето на воздухот, водата и почвата, ги чувствуваме последиците, па имаме појава на главоболки и општа непријатност до срцеви и белодробни заболувања, оштетување на нервниот систем, рак па дури и предвремена смрт.

Mbrojtja e ambientit jetësor në buxhetin e Komunës së Tetovës është përfshirë me programin për rregullimin e tokës ndërtimore dhe veprimtari komunale dhe disponon me 11.8 milionë denarë, apo 0.5 % nga buxheti komunal. Ndërsa komuna e Çairit, në buxhetin për vitin 2019 ka paraparë 472 mijë denarë, apo 0.05 % nga buxheti komunal për mbrojtjen e ambinetit jetësor dhe natyrës.

Секој жител на земјава годишно создава повеќе од 400 килограми отпад. Од Град Скопје тврдат дека во изминатава година и пол се исчистени 300 депонии. Еко-активистите бараат подигнување на свеста на граѓаните, но и поголема ажурност од надлежните.

Доматите, пиперката, зелката, краставицата, и друг вид на зеленчук кој имаат т.н. плиток корен, долг до 40 центиметри се загадени, покажуваат истражувањата на плодовите кои ги направила невладината организација Вила Зора.

Дали оваа Влада е свесна за застрашувачките анализи на последиците од загадување на воздухот? Дали има намера да ги промени поразителните бројки на земјава, која се наоѓа до години на врвот во светските листи по загадување на воздухот, какви мерки презема овие пролетни месеци?

“Nëse i shihni vetëm të ardhurat nga tatimet që lidhen me ambientin jetësor, do të vëreni që vetëm në vititn 2015 (rezultate më të reja nuk ka), ato janë për 16 herë më të mëdha se sa vlera e buxhetit që i është përcaktuar Ministrisë së Ambientit Jetësor dhe Planifikimit Hapësinor”, thonë ambientalistët.

Час по биологија на еден поинаков начин. Црви, инсекти и ракови, едни до други наредени на масата во Лабораторијата за анимална екологија и безрбетна фауна, ги пречекаа учениците од основното училиште „Живко Брајковски“ од Скопје.

Помало загадување и повеќе пари кај граѓаните – ова се главните очекувања на Владата од одлуката за намалување на ДДВ-то за парно греење од 18 на 5 проценти. Како една од клучните мерки во Планот за чист воздух, надежите се дека речиси 12 илјади домаќинства ќе се мотивираат повторно да се приклучат во централниот систем.

Студентите од Архитектонскиот факултет понудија решенија како да се подобрат јавните простори и квалитетот на животот на граѓаните во една од најатрактивните области за живеење во Скопје, Дебар Маало.

Видеото го изработи средношколецот Берат Ахметај од училиштето „Михајло Пупин“ - Скопје и го освои првото место на средношколскиот конкурс за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.

Фотоприказната ја изработија средношколките Сара Николова и Викторија Панова од училиштето „Кочо Рацин” - Велес и го освоија второто место на средношколскиот конкурс за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.

Фотоприказната ја изработи средношколката Вероника Кузмановска од училиштето „Мирче Ацев” - Прилеп и го освои третото место на средношколскиот конкурс за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.

Техничкиот факултет од Битола и Институтот за комуникациски студии од Скопје презентираа мерки за редукција и контрола на бучавата од патниот сообраќај во Скопје и Битола.

Мерењата на бучавата од сообраќајот кои беа направени на неколку локации во Битола и Скопје покажаа дека максималните измерени вредности се над дозволените ограничувања.

Мерењата на бучава на неколку локации во Скопје и во Битола, истакнаа професори од Технички факултет-Битола, покажале дека таа е над дозволениот максимум и предизвикува штети врз квалитетот на урбаниот живот.

Гости во Отвореното студио 1 на 1ТВ беа Цветанка Цветковска и Сара Цветановска од Институтот за биологија кои зборуваа за уредување на урбани градини на крововите на скопските згради и за кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Решенијата за справување со отпадот кои ги пренесуваат студентите се доволни за државните власти да се решат да посветат внимание на ова прашање и да понудат инвестирање во овие млади луѓе за да ги продолжат своите истражувања кои би биле од голема корист.

Државата е преплавена со најразлични видови на отпад, годишно се создава седумстоини илајди тони, од кои 90 проценти од нив заврушаат на дивите депонии.

Во Македонија годишно се собираат 700 илјади тони отпад од кои 90% завршуваат во дивите депонии. Професор од Машинскиот факултет вели најголемиот проблем е тоа што отпадот кој не се селектира не може ни да се рециклира.

Согорувањето на медицинскиот отпад во Дрисла е голема закана, комуналните претпријатија го собираат отпадот главно во градовите со камиони и од контејнери кои се стари и оштетени, голем дел од отпадот се расфрла на диви депонии, а рециклирањето го вршат само приватни компании.

Природата е најдобар лекар, таа во себе ги има најубавите и најкорисни билки, но и оние кои знаат да бидат отров наместо лек. Затоа мора внимателно да се собираат и користат различните видови растенија.

Основен предуслов за да се извршат промени во една земја, една заедница, едно општество во насока на одржлив развој е осознавањето и прифаќањето на принципите на одржливиот развој, на таа нова филозофија на живеење.

Ученици од основното училиште Коста Рацин, од средните општински училишта во Струмица и студенти од Универзитетот Гоце Делчев во Штип се вклучија во голема еко-акција во радовишкото село Јаргулица.

Во прекрасна атмосфера ученици, родители и наставници покажаа како со заедничка акција за многу кратко време може да се разубави училишниот двор на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Мегаломанските идеи за градење на Водно не запираат иако стручњаците предупредуваат дека агресивната урбанизација предизвикува свлечишта опасни за животот на граѓаните, ја уништува природата во планината и ја менува климата во Скопје.

Ако го вреднуваме квалитетот на услугите на јавните претпријатија според употребата на современите технологии, тие би добиле единица или преодна оценка двојка.

На влезот на парк шумата Гази Баба не можат да се прочитаат препораките за тоа како треба посетителите однесуваат, затоа што информативната табла е уништена.

Се поголемата урбанизација, најавите за нови мега проекти и развојот на индустријата оставаат впечаток дека во Македонија животната средина и одржливиот развој не се приоритет.

Сè повеќе на глобално ниво се укажува на тоа дека ситуацијата во градовите мора да се промени до тој степен што мора да се редефинираат принципите на урбаниот развиток.

Изминаа десет години откако студентите и архитектите од „Прва архи бригада“го организираа Првото Архитектонско Востание во знак на протест против изградба на црква на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

На само неколку чекори од битолското село Meгленци, низ 6.000 метри квадратни се протега истоимената депонија. До првата европска членка Мегленци ја делат неколку километри, но според стандардите, уште светлосни години.

Општината Центар и покрај мораториумот на урбанистичките планови има најголем број издадени одобренија за градба, што само го покажува интересот на градежните компании за инвестирање во овој дел од градот.

Контрадикторни политики водат Владата и локалната самоуправа бидејќи од една страна декларираат борба против загадувањето, а од друга страна поттикнуваат изградба на големи деловно-станбени објекти кои ќе го блокираат нормалното струење на воздухот и ќе го зголемат сообраќајниот хаос во главниот град.

За сликовото да се прикаже како би изгледал просторот на паркингот пред Холидеј Ин доколку се реализираат урбанистички планови кои беа под мораториум, а за кои Уставниот суд ја укина одлуката, на социјалните мрежи се појави слика на која може да се види колкаво „чудовиште“ треба да се гради во централното градско подрачје.

Граѓанската платформа „Здравје пред профит во Центар“ на својата страница на „Фејсбук“ објави макета за која вели дека ги претставува шеесеткатниците што треба да бидат изградени на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“.

Граѓанската платформа „Здравје пред профит во Центар“ на својата страница на „Фејсбук“ објави макета за која вели дека ги претставува шеесеткатниците што треба да бидат изградени на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“.

Aрхитекти, урбанисти, планери кажаа во какво Скопје сакаат да живеат, потенцирајќи дека овој град има шанса да се спаси само со заедничко и правилно дејствување.

Една битка е изгубена но борбата продолжува рече претседателката на општина Центар Јана Белчева по одлуката на Уставниот суд за времено запирање на мораториумот што го воведе општината за 31 Детален урбанистички план.

Граѓанската платформа „Здравје пред профит во Центар“ на својата страница на „Фејсбук“ објави макета за која вели дека ги претставува шеесеткатниците што треба да бидат изградени на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“.

Со одлуката за времeно стопирање на мораториумот за градба, Уставниот суд одново ја вaрати надежтта кај градежните магнати да дојдат, побараат и добијат градежни дозволи за стопираните мега градби, хотели и станбени објекти наместо паркови.

Општините и деталните урбанистички планови онака како што се изготвени не обезбедуваaт квалитетни мерки за урбано безбедно живеење, а општините се правдаат дека се финансираат со издавање на градежните дозволи за станбени згради.

Граѓанската иницијатива „Здравје пред профит“ во партнерство со „Институтот за комуникациски студии“ (ИКС) денеска со почеток од 14 часот во хотелот „Холидеј Ин“ го одржаа форумот насловен „Шанса за Скопје: Во каков град сакаме да живееме“. 

Утре, 21-ви март (четврток) во хотелот Холидеј Ин со почеток во 14.00 часот, Граѓанската иницијатива Здравје пред профит во партнерство со Институтот за комуникациски студии (ИКС), ќе одржи форум: „Шанса за Скопје: Во каков град сакаме да живееме“.

Воодушевување, учење и рекреација. Вака изгледаше претпладнето на група деца на десетгодишна возраст, кои на работилница во Ботаничката градина во Гази Баба можеа одблизу да научат како се садат растенија и какво е нивното значење за луѓето.

Sipas të dhënave zyrtare, në Maqedoninë e Veriut ekzistojnë 54 deponi komunale, jo të standardizuara dhe rreth 400 mini-deponi të egra. Organizatat joqeveritare alarmojnë që numri i mini-deponive të egra në vendin tonë arrin deri në 1 mijë. Me këtë shkrim, gazeta KOHA i bashkëngjitet fushatës nga interesi publik për ambientin jetësor më të mirë “Mos injoro! Reago!”

Фадиљ Амети веќе 50 години живее во Топанско Поле, но во минатото градењето не било толку интензивно, па поради тоа ова место било почисто и позелено за разлика од сега.

Слушнете ги проблемите во просторното планирање кои ги посочуваат граѓаните и решенијата за одржливи градови кои ги нудат архитектот Стефан Лазаревски и професорот на Техничкиот факултет во Битола Никола Крстаноски во радио емисијата „Стадион“.

Една третина од Македонија живее во еден град. Се внимава ли на густината на населението при планирање и изградба на нови живеалишта.

Иако граѓаните се повеќе еколошки свесни, а јавните институции ги препознаваат еколошките прашања како актуелни, проблемите од животната средина не се решаваат стратешки.

Енергетиката е еден од најголемите загадувачи на животната средина, градовите се претворени во хомогена смеса од многу комплексни загадувачи и состојбата не се подобрува поради немањето соодветна инфраструктура.

Енергетиката е еден од најголемите загадувачи на животната средина, градовите се претворени во хомогена смеса од многу комплексни загадувачи и состојбата не се подобрува поради немањето соодветна инфраструктура.

Институтот за комуникациски студии во соработка со „Нова Македонија“ и повеќе институции ја започнува кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Енергетиката е еден од најголемите загадувачи на животната средина, градовите се претворени во хомогена смеса од многу комплексни загадувачи и состојбата не се подобрува поради немањето соодветна инфраструктура.

Енергетиката е еден од најголемите загадувачи на животната средина, градовите се претворени во хомогена смеса од многу комплексни загадувачи и состојбата не се подобрува поради немањето соодветна инфраструктура.

Информации

logo-footer1.png

iks logo footer

© 2019, Институт за комуникациски студии

Контакт инфо

+389 2 30 90 004       info@iks.edu.mk

Пребарај