Тротоари со возила, малку дрвја и метеж е сликата која и денеска може да се види ако се движите во Дебар Маало. Студентите по архитетура цел семестар работеа на ослободување на јавниот простор, па наместо непристапни тротоари, на 10 локации кои ги избраа треба да има велосипедски патеки, паркови и дрвореди.
Меѓу предвидените локации се и бараките на општина Центар.
На проектите работеа околу 100 студенти под менторство на проф. Дивна Пенчиќ, поделени во 18 групи. Прво го истражувале теренот и велат дека нивните проекти можат да се применат.
На паркингот кај општина Центар денеска се одржа јавна презентација на шестмесечната работа на идните архитекти, на која беа излжени макетите и постерите за едно поинакво Дебар Маало.
Теодора Цветковска
Текстот е преземен од Телевизија Телма.