Јавните институции ги препознаваат еколошките прашања и проблемите од животната средина но не ги решаваат стратешки, не носат ефикасни решенија за подобрување на животната средина и не се транспарентни во креирањето и спроведувањето на политиките.
Затоа институтот за комуникациски студии, ја започнува кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај, реагирај“, во рамките на проектот „Промовирање на добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“.
„Кампањата „Не игнорирај, реагирај“ се надоврзува на нашата цел, со неа сакаме д аго зголемиме притисокот кон властите за поефикасно решавање на проблемите од животната средина и исто времено да го поттикнеме и насочиме граѓанскиот активизам кон локалните и државните институции за прифаќање на концептот за одржлив развој. Кампањата „Не игнорирај, реагирај“ ќе се реализира во текот на 2019 година и ќе биде поделена односно ќе се фокусира на три главни теми. Одржливи градови, здрава околина и климатски промени“, вели Дејан Андонов, програмски координатор на Институтот за комуникациски студии.
Македонија треба да почне да размислува за креирање на градови кои ќе обезбедат домување на сите. Ќе треба да се креира поинаков транспорт низ градот, да се грижиме за културното и природното наследство на градовите и треба да се вклучат сите граѓани и чинители во креирање на градски политики и креирање на град, вели професор д-р Дина Пенчиќ, професор по урбанизам.
„Она што дефинитивно е неопходно да се направи е Македонија да се приклучи кон поставуавње на глобалните целите за одржлив развој, кои се донесени во 2015 година од Обединетите Нации чија членка е и нашата држава. И за прв пат во тие глобални цели се поставува една конкретна цел број 11 која подразбира креирање на одржливи градови, инклузивни градови, безбедни гардови и градови за луѓе“, изјави професор Д-р Дина Пенчиќ, професор по урбанизам.
Од областа пак на аерозагадувањето професор д-р Дејан Мираковски, вели дека бучавата е исто така загадување и еден од проблемите со кој допрва ќе треба да се справуваме. И според здравствените власти има негативно влијание врз здравјето на луѓето.
„Градиме можеби и сме единствени кои градиме во урбани зони во градот во густо населени зони. Не предвидуваме на никакви мерки во заштита на градба или пак рушење на објкет, ниту пак мерки за контрола за влијанието на реципиентите, преку апарати за мерење на прашината и бучавата по периметарот. Ние имаме греење нафосилни горива што многу ретко се користи во такви урбани зони, имаме пренаселеност скоро во сите градови и затоа за жал тоа не е проблем само на Скопје. Иако мислевме дека само Скопје, Тетово и Битола се изложени на загадување испадна дека Струмица, Кавадарци и Прилеп а и речиси сите котлински градови во Македонија веројатно не се ништо подобри“, изјави професор Д-р Дејан Мираковски, експерт во областа на аерозагадувањето.
Треба да се променат некои работи со енергетиката која важи за најголемиот загадувач на воздухот, професор Д-р Ана М. Лазаревска, предлага во нашата земја да се користи диверзификација на енергетските ресурси и користење на обновливи извори на енергија.
„Во моментов ситуацијата во Македонија е таква, што за жал енергетиката која што е носител на секое општество и носител на секојдневни активности за нас како луѓе, потоа на комплетното стопанство и е еден од нашите загадувачи на нашата животна средина и тука го имаме тој конфликтен проблем кој што се решава со концептот на одржливост“, вели професор д-р Ана М. Лазаревска, експерт за нергетски менаџмент.
Институтот за комуникациски студии нема да ја спроведува оваа кампања сам, активностите ќе се рализираат во соработка со факултети, средни училишта, невладини организации, граѓански иницијативни, експерти од најразлични области, креатори на јавното мислење и медиуми.