opustosenite-sumi-go-namaluvaat-cistiot-vozduh.jpg

Шумите се богатство. Го чистат воздухот, обезбедуваат дом за животните и растенијата со кои се гордееме, ја држат почвата да не лизга. Во шумите одиме да се разладиме, да се одмориме и да се смириме. Но токму тие, во земјава, ќе бидат најранливи од климатските промени.

Шумите ќе бидат на удар на зголемените температури, почестите шумски пожари и промените во продуктивноста на шумите. Токму овие фактори значајно ќе го намалат апсорбирањето на стакленичките гасови, биолошката разновидност и шумскиот поенцијал за ублажување на промените во климата. Според студијата Шумарството и климатските промени, немало доволно вода на околу 65 проценти од 29-те шумски парцели кои биле анализирана. Околу 2.800 шумски пожари се регистриани во периодот помеѓу 1999-2012 година, во кои изгореле речиси 130 илјади хектари шуми и шумско земјиште, што пак предизвикало директна или индиректна штета проценета на околу 67 милиони евра. Особено влијанијата врз зимзелените иглолисни шуми (бореалните шуми) можат да бидат навистина драматични. Шумарството, ловот и туризмот се сегментите од управувањето со шумите кои се сметаат за најранливи до 2025 година.

Фото и обработка: Кире Галевски
Текст: Јане Димески

Производот го изработи Инситуттот за комуникациски студии.