Чешката фирма „Локо Транс“ следните 99 години ќе го користи државното земјиштето до скопската фабрика „Железарница“. Локалната власт го одобри закупот на земјиштето, долго време оспоруван од граѓанскиот сектор и жителите на населбата Железара, бидејќи оваа парцела е наменета и за изградба на производствени капацитети за тешка индустрија. Одбрението на градоначалникот доаѓа во време додека се чека одлуката на Уставниот суд дали ќе го поништи Деталниот урбанистички план во кој е утврдена намената за загадувачка индустрија. И градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и фирмата инвеститор негираат дека тука ќе никнат нов загадувач, бидејќи тука само ќе се поправаат стари вагони.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Соња Петрушевска
Снимател: Борис Каевски
Монтажа: Ристо Душковски