Архитекти, урбанисти, планери кажаа во какво Скопје сакаат да живеат, потенцирајќи дека овој град има шанса да се спаси само со заедничко и правилно дејствување. Дебата „Шанса за Скопје. Во каков град сакаме да живееме“, организирана од граѓанската иницијатива „Здравје пред профитот“ и Институтот за комуникациски студии, на едно место ја собра фелата за да разменат искуства, но и да ги слушнат примерите од некои градови во соседните држави.

Општините и деталните урбанистички планови онака како што се изготвени не обезбедуваaт квалитетни мерки за урбано безбедно живеење, а општините се правдаат дека се финансираат со издавање на градежните дозволи за станбени згради, рекоа на почетокот на дебатата организаторите.

Искра Јанковска Михајловска од „Здравје пред профитот“, рече дека по одлуката на Уставниот суд да го укине мораториумот за градба во Општина Центар, всушност, е направен притисок да се издејствуваат 30 дена за да се издадат сите градежни дозволи, за сметка на тоа во плановите да се вметнат потребните квалитетни мерки кои ќе обезбедат квалитетно урбано живеење. Таа рече дека општините во своја одбрана велат дека ако не издаваат градежни дозволи и не се гради, нема од што да се финансираат.

IMG_20190321_143136

“Ако во вашата општина училиштата работат во две смени, тоа значи дека плановите не чинат. Ако се мразите со комшијата затоа што ви паркира пред врата, тоа значи дека плановите не чинат. Ако има редици во амбулантите, тоа значи дека со планирањето не е водено сметка за тоа дека можеби треба повеќе градинки, амбуланти и простор за урбано живеење. Општините кога ќе им дојде инвеститор гледаат да издадат дозволи за станови, а при тоа не се води сметка што сè друго е потребно за да се обезбеди квалитетно живеење“, рече Јанковска Михајловска.

Јана Белчева, претседател на Советот на  Општина Центар, смета дека укинување на мораториумот е само една изгубена битка и дека барањето да се ревидира планот за Дебар Маало е прв посериозен обид некој да се спротивстави од аспект на јавното добро.

„Со ова сакаме да развиеме дебата како на човекот да му ја вратиме безбедноста и удобноста на живеењето преку искуствата од оние градови кои нашле начин она што го наследиле да го направат пријатно место за живеење“, рече Белчева.

Таа смета дека граѓаните треба да им дадат ветер во грб на оние што носат одлуки за да можат да донесат храбри одлуки, а не да се најдат во ситуација да кажат дека така наследиле и ќе продолжат понатаму на истиот начин.

„Промените ќе дојдат ако се оди спроти брановите и ова не е шанса само за Скопје, туку и за цела Македонија, оти ги отвораме темите кои Европската унија ги бара од нас, за демократизација на општеството и да се раскинат тие коруптивни врски и цели”, рече Белчева.

Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии, кажа дека со оваа дебата практично почнува и кампањата „Не игнорирај, реагирај“, со која треба да се подигне јавната свест како до изградба на оддржливи градови.

IMG_20190321_142954

IMG_20190321_142305

Теа Дамјановска и професорката Дивна Пенчиќ имаа изработено макети на два плана, кои го засегаат централното градско подрачје, и видливо е дека е зголемена катноста, со тесни улички и несоодветни решенија за она што подразбира квалитетно живеење.

IMG_20190321_143810

Дебата беше поделена на три панели. Во првиот панел „Алтернативни практики за финансирање на општините“ учествуваа Билјана Ивановска од Државната комисија за спречување на корупцијата, Аце Коцевски, градоначалник на Велес, Беким Имери од Светска банка, Боран Иваноски од НАЛАС. Во вториот панел „Планот како алатка за квалитетен живот“ своите ставови за шансата за Скопје ја кажаа професорката Дивна Пенчиќ и планерот Стефан Лазаревскиод „Тајфа архитекти“. Во овој панел говореше и Љубо Георгиев од Бугарија кој ја престави „Визија за Софија“.

IMG_20190321_162205

Тертиот панел беше „Феноменологија на градски простор“ во кој Мери Батакоја од Архитектонскиот факултет во Скопје даде мемориски пејсажи на градот. За Урбаното зеленило како фактор на квалитетот на живот објасни деканот на Шумарскиот факултет, Кирил Сотировски. Тука беа и Светлата Карбевска, психотерапевт која објасни за важноста од планирањето на градот за здравјето на граѓаните.

IMG_20190321_142725

IMG_20190321_142954

IMG_20190321_143810

IMG_20190321_143106

IMG_20190321_143201

IMG_20190321_162205

IMG_20190321_142400

ДУП Ц08 (паркингот кај Холидеј Ин)

IMG_20190321_142459

Постоечка состојба – паркингот кај Холидеј Ин

IMG_20190321_142605

Планирана состојба на место на фабрикта „Треска“, дел од ДУП 3 11 -градска четврт Буњаковец 2

IMG_20190321_142655

Планирана состојба на место на фабрикта „Треска“, дел од ДУП 3 11 -градска четврт Буњаковец 2