why-we-need-earth-day-waste-6-38c7l6thde1fu5fmzut3b4.jpg
Стотици пластични шишиња, осум работни часови и десетици контејнери за 260 денари дневница. Семран има 13 години, а собира отпад од кога памети за себе. Камерата ја улови неговата физичка способност да досегне по секое шише кое му е потребно да ја наполни корпата. Малиот Семран припаѓа на неформалните собирачи на отпад. Ги има стотици само во Скопје, до 5.000 низ целата држава.

На Семран му е потребна пластика, на Северџан метал. Единственaта селекција се прави во самите контејнери, од овие луѓе. За нив се знае малку. Половина немаат дом, а секој десети има тоалет. 80 процнети од нив се малолетни. Државата ги нараче неформални собирачи на отпад, а невладините истражија дека на овие луѓе како единствени селектирачи на отпад низ раце им поминуваат 22 илајди тони отпад секоја година.

Македонија е единствената земја во Европа во која на исто место се фрла секаков вид отпад, а повеќе од 80 проценти од вкупниот отпад е комунален, кој што го создаваат граѓаните.

54 депонии со дозвола од локалните власти, и уште 200 диви ја загадуваат почвата, водите и воздухот. Североистичниот плански регион доби пари од Европската банка за обнова и развој за да исцрта модерна депонија која ќе собира, селектира и рециклира отпад, но постои револт од локалното население за негова реализација. Проектот во општина Дебараца за југозападниот регион пред две години загуби на успешниот рефрендум против изграда на регионална депонија.

Скопје освен што е епицентарот на случувањата, малкумина знаат дека создава и над 300 илајди тони отпад, од кој требаше Градот да заработува. За скопското ѓубре пред седум години се спротиставија три компании. На тендерот од градот победи „ФЦЛ Амбиенте“, а загубија германската „Шолц“ и австриската „АСА Интернешнел“. Тоа беше првиот обид на Македонија за селекција и рециклирање отпадот. Заврши неуспешно, и по седум години управа во депонијата и ниту едно евро вложени средства, сегашната локална самоуправа им дава нова шанса и нови пет години на германскиот „Шолц“.

Додека Македонија ита кон Европската унија, а Скопје се надева на систем на управување на отпад како оној во Љубљана, времето работи против нас, велат невладините.

12 тони храна годишно завршува на буниште чекајки на законски измени. Електронскиот отпад засега завршува во откупните центри, бидејќи за секој фрлен уред во контејенр граѓаните се соочуват со 50 евра комунална казна. Но, тие не се стравуваат да исфралт стар душек крај кејот на реката Вардар. Освен што шират реа, дивините депонии постојано горат.

Павле Беловски
Со овој прилог ТВ Телма се приклучува на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ на Институтот за комуникациски студии. Прилогот е првично објавен ТУКА.