kozno.png

Расте бројот на болести на кожата како последица од високите температури предизвикани од климатските промени. Една од нив е малигниот меланом која е најтешка форма на карцином на кожата. Дерматологот Зорица Зафировиќ секојдневно прегледува граѓани кои имаат проблем со кожата. Вели дека треба еднаш годишно да се вршат прегледи на кожата. Ова особено важи за оние кои имаат бел тен.

„Секоја алезија сомнителна за рак на кожа препораката е навремено да се дојде на преглед, да се постави сомневање и отстанување на сомнителна алезија. Дерматоскопијата метода за рано откривање на рак на кожа. Научно е докажано дека ултовиолетовите зраци д природно и вештачко потекло значи од страна на сонцето и солариумите играат голема улога во развивање во појавата на карциномот на кожата.“, вели Зорица Зафировиќ, дерматолог.

Граѓаните кои ги ретнавме во клиниката за дерматологија не сакаат да зборуваат за нивниот проблем со кожата. Но можеше да се забележат полни ходници со луѓе како чекаат на ред.

„Според дерматолозите бројот заболени од рак на кожата е алармантен, но не се знае точната бројка. Тие аплеираат до родителите да не ги оставаат нивните деца да одат во солариуми затоа што тие предизвикуваат рак во подоцнешните години. Да се внимава колку се престојува на сонце не само во летното време туки и на зимските месеци на планина“.

Михаил Чобуковски од Институтот од јавно здравје климатските промени секоја година завземаат големо влијание врз здравјето на граѓаните.

„Порано се знаеше кога е пролет почнува, сега е есен и така натака. И обично алергиите од полен од растенија, шуми и дрвја од тоа што испуштаат тоа обично почнуваше во пролет, на крај на април мај. Сега симптомите почнуваат порано.Кивање, солзење на очите и така натаму. Значи почнуваат порано завршуваат покасно во годината за разлика од пред неколку години“, изјави Чобуковски.

Последните 3 годнини освен жолтата фаза Македонија е погодена од портокалова фаза како последица на климатските промени. Во земјата постои суша која влијае врз производството на храна. Инаку во светот расте пројот на присорните непогоди. Пред десетина години во Германија немаше торнада но сега се присутни. За среќа Македонија нема опасност од цунами или торнада но бројот на поплави расте. Порано поплави имало на 10 години а пак сега секоја година. Последната голема поплава се случи во 2016-та во населбата Сингилиќ ооптина Гази баба каде беа згаснати 22 животи предизвикан од пороен дожд.

Арбана Ќ. Климента

Со овој прилог, ТВ 21 се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје. Прилогот е првично објавен ТУКА.