Со одлуката за времeно стопирање на мораториумот за градба, Уставниот суд одново ја вaрати надежтта кај градежните магнати да дојдат, побараат и добијат градежни дозволи за стопираните мега градби, хотели и станбени објекти наместо паркови. За 30 дена колку што остави простор Уставениот суд може да се нарпави огромна штета, вели претседтелката на советот на општина Центар.
Градежната мафија си го покажа лицето. Сега повеќе од јасно колку таа моќна, вели универзитетската професорка и архитект Дивна Пенчиќ.
Општина Центар за годиан и половина колку што беше на сила мораториумот успеа да ревидира 2 детални урбанистички планови. Разоцачран од одлуката, вели дека има нов механзиам но не сакаше да го открие како да им се спротистави на градежниците.
Зошто додека траеше мораториумот не се преправени поголеми и побрзи измени на дупови, Белчева, пак, прстот го впери во бироата за планирање на просторот, три вакви компании кои работат во Центар и кои одбиваат да направат промени врз основа на забелешките од стручната комисија. Од матичната граѓанска иницијатива „Здравје пред профит“ на Блечева, велат дека мора да престане праксата плановите да бидат повод за урбанта мафиај да добива градежни дозовли.
Со одлуката за времено запирање на мораториумот, Уставниот суд ги „ослободи“ сите ДУП – ови за кои општина Центар имаше ставено забрана за издавање градежни дозволи додека не се ревидираат, и веднаш наиде на критика кај академикот Владо Камбовски, кој и претходно тврдеше дека само мораториум на државно ниво може да го запре урбанистичкиот хаос.
Иницијативата за оценување на уставноста на одлуката за мораториумот до Уставниот суд ја поднесоа Градежната комора и Стопанската комора на Северозападна Македонија, додека членови на уставниот суд ја бранат, познавачите на уставот укажуваат дека со повеќе од 4 членови на кои можел да се повика уставниот суд ја жтитат животната средина, и човековото здравје пред профитот, категорија по важност веднаш зад бебздноста на државата.