Софилари е населба каде се уште нема ДУП иако последнава деценија, таму интензивно се градеа нови објекти. Првиот човек на општината Коста Јаневски вели дека ја знае маката на граѓаните од ова населба. Вели дека се работи на носењето ДУП, но кочница биле и дивоградбите кои морале да се легализираат. Со носењето на урбанистичките планови се отвора можност и за вложување во комунална инфраструктура.
Дека се работи на носење на ДУП за овие населби потврдија и од одделението за урбанизам. Во Софилари се претпоставува дека живеат над 500 жители. Дел од објектите се и викендици. Огромен е интересот на струмичани за подигање индивидуални градби за домување на овој простор.
Ване Трајков
Со овој прилог ТВ 24 се приклучува на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина "Не игнорирај! Реагирај!" на Институтот за комуникациски студии. Прилогот е првично објавен ТУКА.