Поради бетонската инвазија и намалувањето на зелените површини во градовите, особено во Скопје, живеалиштата на голем број растителни и животински видови се загрозени, предупредуваат од Македонското биолошко друштво. Со изложба и интеркативни игри во Градскиот парк, тие прикажаа хербариуми, фаунариуми и аквариум со различни видови кои се` уште опстојуваат во градските средини и уште еднаш укажаа на нивното значење во секојдневнито живот на луѓето. Настанот беше организиран во соработка со Институтот за комуникациски студии, во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.
За урбаниот биодиверзитет учеа преку игри
- Стории
- Кликови: 2533