Граѓанската платформа „Здравје пред профит во Центар“ на својата страница на „Фејсбук“ објави макета за која вели дека ги претставува шеесеткатниците што треба да бидат изградени на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“.
Од организацијата посочуваат дека макетата покажува како висококатниците би изгледале во однос на опкружувањето.
„Оваа макета е дел од малата изложба на макети во рамките на настанот „Во каков град сакаме да живееме“, која се одвива во моментот во ‘Холидеј ин’“, велат од „Здравје пред профит во Центар“.