Повеќе од 200 школки и десетици сомови од пресушените езерца во Градскиот парк во Скопје беа спасени благодарејќи на двајца граѓански активисти. Тие со денови ги хранеа и чуваа во своите домови додека градските власти ги чистеа коритата со тешка механизација.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Соња Петрушевска Поповска
Снимател: Борис Каевски
Монтажер: Ристо Душковски
Со оваа сторија СамоПрашај.мк се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. Сторијата е првично објавена ТУКА.