Во Mакедонија се создава околу 38 илјади тони пластика годишно. Шишињата, торбите и разни кутии направени од овој материјал често завршуваат на улиците и парковитеНајефикасниот начин на ослободување од пластичниот отпад е неговото рециклирање. Велешани преку еко акции и поставување на жолти контејнери се обидуваат да ја подигнат свеста за селектирање и рециклирање.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.
 
Новинар: Катерина Топалова
Снимател: Тони Стојановски
Монтажа: Ристо Душковски