Се поголемата урбанизација, најавите за нови мега проекти и развојот на индустријата оставаат впечаток дека во Македонија животната средина и одржливиот развој не се приоритет. Во март ги прашавме граѓаните дали се согласуваат со изјаватa „Во Македонија се води повеќе грижа за профит отколку за заштита на животната средина“. Дури 99% од испитаниците се согласуваат, а само 0,85 не се согласуваат со оваа изјава. Ваквиот став на граѓаните треба да се земе предвид при планирањето на нови проекти и градежни потфати.
Во Македонија се води повеќе грижа за профит отколку за заштита на животната средина
- Стории
- Кликови: 1997