toplo-vreme-39qppdb7915amsgffl651c.jpg

Многумина го знаат како метеоролг од УХМР, но Борис Секирарски своето 30 годишно работно искуство одлучил да го искористи и за да создаде свој изум. Уредот налик на семафор со трепкање предупредува од поплави. Се работи за сервер кој на 15 минути прави пресметки на нивото на опасност, а целта е да спасува животи.

Ваквите нагли промени на времето се резултат на климатските промени вели секирарски и тие се повеќе ќе се случуваат. Според американската НОА, 5- те најтопли септември се случиле во изминативе 5 години, а овој септември е многу блиску во најтоплиот на сите времиња тоа е во 2015.

Растењето на температурата и наглите топли и студени бранови се повеќе ги загрижува и лекарите. Велат дека тие врз здравјето на луѓето влијаат директно а во комбинација со загадувањето се навистина опасни.

Според последните анализи за екстремните временски настани се поккажува дека во земјава бројот на летни денови сега е значително зголемен во споредба со 60 тите гофддини на минатиот век.  Од анализата на студеното време може да се заклучи дека студените бранови се јавуваат поретко од топлотните бранови. Иако има генерален тренд на опаѓање на бројот на денови со слана во текот на една година, нема генерална промена во бројот на денови со мраз во текот на годината.

Билјана Николовска

ТВ прилогот е првично објавен ТУКА.