Зграда до зграда, бетонот стана симбол и на „google map“ на општината Центар во Скопје. Новите згради станаа добро утро за жителите на градот.
Архитектката Дивна Пенчиќ вели дека има надеж за Скопје и има места кои можат да бидат урбани со зеленило и ќе бидат добра иднина за новите генерации. Но, доколку се продолжи со трендот на градење и се се гледа низ призма на пари, наредните генерации ќе бидат целосно уништени.
Макетата што ја изработија професорите и студентите на архиктеконски покажува решенија за метежот и небезбедноста покрај училиштата и градинките.
Ова е дел од проектот „Не игнорирај реагирај за подобра животна средина“, чии идеи ги поддржува и Општина Центар.
Архитектите потсетуваат дека во Македонија има закони и правилници за градење, она што недостасува е нивната примена.
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Текстот е преземен од Канал 5 ТВ.