Неконтролираното градење, узурпацијата на крајбрежјето, загадувањето со отпадни води и друг отпад, неодржливите туристички практики. Ова се некои од проблемите кои го загрозуваат Охридско Езеро - едно од најстарите и најразновидните езера во светот. Експертите предупредуваат дека ако се продолжи да се управува со езерото како досега, тоа што ние го имаме сега, со сигурност ќе го немаат нашите деца. Еко активистите, пак, посочуваат дека исклучиво Владата е одговорна и должна да го заштити Охридскиот регион, кој е прогласен од УНЕСКО за природно и културно светско наследство.
ТВ верзија | Албанска верзија |
Документарниот филм „Охридско Езеро: Загрозено светско наследство“ го изработи Институтот за комуникациски студии.