izlozba-na-otvoreno-za-urbaniot-biodiverzitet-nastani.jpg

Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамките на камањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ организираат научно-едукативен настан за значењето на урбаниот биодиверзитет, кој ќе се одржи на 10 јуни (понеделник) од 10 до 12 часот во Градскиот парк во Скопје (кај Школка).

Ве покануваме да ја погледнете отворената изложба на хербариуми, фаунариум и аквариум со примероци од повеќе градови во Македонија, но и да се пријавите за учество на интерактивните активности и игри за ботаника и зоологија на без’рбетни животни.

За учество може да се пријават ученици од шесто до осмо одделение, кои треба да бидат организирани во тимови (по 5 ученици во еден тим). Пријавувањето е најдоцна до 4 јуни (вторник) на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Бројот на учесници е ограничен на 50. За победниците ќе следи симболична награда, а останатите учесници ќе добијат сертификат за учество.

За повеќе информации контактирајте не на 075 913 668.