ALB
abana1.jpg
Дрвја оградени со бетон, едни заробени од кафулиња, други пак ги користат како заклучување на велосипедите. Оваа тажна слика може да се забелжи на секој чекор во центарот на Скопје. Две дрва веќе се регистрирани како мртви, а над 1000 се под ризик да им се констатира смрт. Црвената боја  на мапата алармира задавени дрвја во Скопје. Едното мртво дрво се наоѓа на улица Македонија кое е заробено од тараса на кафул,  а другото на улицата „Максим Горки“ во Центар е заробено од бетон. Јаворот, јасенот, багремот и липата се најчести загушени дрвја.

Директорот на паркови и зеленило Адријан Муча вели дека постојано се работи на ослободување на дрвјата. Тој вети дека до крајот на година сите ќе бидат ослободени.

Ели Пешева од иницијативата О2, вели дека придобивките се сто пати повисоки од децениските дрвја кои имаат голема улога во прочистувањето на воздухот. А на новите садници им треба време за да придонесуваат за прочистување на воздухот.

Град Скопје заедно со Шумарскиот факултет ги ослободуваат забетонираните дрвја низ Скопје. Засега бројот на ослободени дрвја е 20. На ред чекаат уште стотици други.

Со овој прилог, ТВ 21 се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје. Прилогот е првично објавен ТУКА.