Rabotilnici-za-mladi-i-deca-vo-Botanickata-gradina-vnatre.jpg

Како ги користиме растенијата во секојдневието? Научете како да изработувате природни козметички производи, да садите и пресадувате растенија, но и да ги заштитувате во природата.

Ботаничката градина при Природно-математичкиот факултет, Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ организираат интерактивни работилници за млади и деца и организирани прошетки во ботаничката градина во Гази Баба. Работилниците се наменети за средношколци, основци и деца од градинки за да се запознаат за значењето на биодиверзитетот и да ја зајакнат нивната еколошка свесност.

Работилниците се организираат секој работен ден, во времетраење од 3 часа од 8 до 15 часот, и во сабота ако се формира група од 15 учесници. Цената за посета изнесува 50 денари по лице.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПРОГРАМИТЕ кои се наменети за различни возрасни групи.

Ботаничката градина може да се посети само со претходна најава. Затоа обратете ни се на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на 075 913 668.

Лице за контакт: Цветанка Цветкоска, Ботаничка градина - This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.; 070 307 428