izvidnicka-akcija-eko-heroi-nastani.jpg

Првиот скопски извиднички одред и Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ Ве покануваат на традиционалната извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019“ на тема „Еко херои“, што ќе се одржи на 1 јуни (сабота), во 10 часот, во Градскиот парк во Скопје.

На акцијата, тимови од извидници од 7 до 13 години преку игра, забава и натпревар ќе испратат порака за потребата од селектирање и рециклирање на отпадот, со цел да се подигне еколошката свест.

Зборното место е кај големото езерце во вториот дел од Градскиот парк (кај шахот / тотемот).

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Лице за контакт:

Снежана Јанковиќ, Прв скопски извиднички одред - This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.; 078 811 304