sredba-so-zitelite-na-karpos-3-ajde-da-go-iskoristime-otpadot-na-kreativen-nacin-nastani.jpg

Дали би ви користел собирен центар за отпад во кој ќе можете да подарувате предмети кои не ви се потребни? Дали би сакале хоби катче за реставрирање и реупотреба на стари предмети? Дали би компостирале со црви за производство на хумус и за садење растенија на места кои сега се микро депонии? Да се организираме како жители на оваа урбана заедница и да станеме пример за останатите во градот како може да се искористи и намали отпадот во местото во кое живееме.

Машинскиот факултет – Скопје и Општината Карпош Ве покануваат на средбата за развивање заеднички идеи за справување со отпадот „Ајде да го искористиме отпадот на креативен начин“ што ќе се одржи во четврток (6 јуни) од 18 до 19:30 часот во холот на ОУ „Лазо Трповски“.

На средбата сакаме да ги чуеме вашите мислења во врска со сегашната состојба со отпадот во урбаната заедница Карпош 3, како и вашите идеи и предлози како подобро да го селектираме, складираме и одлагаме отпадот од домовите и од работните места. Студенти и професори од Машинскиот факултет ќе ни помогнат во процесот да ги препознаеме и обликуваме идеите и ќе ни посочат успешни примери од светските метрополи. Идеите кои ќе ги избереме заедно со претставници од општината потоа ќе бидат реализирани.

Средбата е отворена за сите жители на урбаната заедница Карпош 3, но заради подобра организација Ве молиме доколку можете Вашето присуство да го најавите на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на 070 286 797.

Средбата се организира во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, што ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

 

Лица за контакт:

Софија Сидоренко, Машински факултет -  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., 070 286 797

Марина Филипоска, Општина Карпош – This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.; 072 766 066