dsc_1019.jpg
Решенија за урбанистичко преобликување на скопско Дебар Маало понудија 70-тина студенти на Архитектонскиот факултет - Скопје на јавната презентација што се одржа пред Општината Центар. Жителите на населбата, вработените во општината и останати граѓани ги видоа урбанистичките решенија и визиите на студентите како да се подобрат условите за живот на десетина локации во Дебар Маало.

"Дебар Маало, како една од најатрактивните локации за живеење во Скопје, е под постојан притисок на интензивна градба. Ваквата состојба резултира со намалување на јавните простори и намалување на комплетниот квалитет на живот. Затоа треба да се промени начинот на гледање на просторот и да се бараат простори кои можат да го надоместат изгубеното или да го искористат потенцијалот на постојните локации", вели професорката на Архитектонскиот факултет Дивна Пенчиќ, под чие менторство студентите изработија макети и постери за идно користење и изградба на локациите.

Јавната презентација се одржа во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Видеата за урбанистичките решенија за Дебар Маало погледнете ги на плеј-листа ТУКА.

Постерите за урбанистичките решенија за Дебар Маало погледнете ги ТУКА.