novinarite-od-medium-izvestuvaa-za-rodendenot-na-angliskata-kralica-nastani.jpg

Младите новинари од „Медиум“ известуваа од прославата за роденденот на кралицата на Обединетото Кралство што на 13 јуни го организираше Британската амбасада во Македонија во Музејот на современа уметност во Скопје. Средношколците Калина, Мила, Кристина, Берат и Стефан ги интервјуираа гостите за едно од најгорливите прашања во земјата, но и во светот - заштитата на животната средина.

Одговорите на Талат Џафери, Претседателот на Собранието, на британската амбасадорка Рејчел Галовеј, на претставниците на опозицијата, власта и граѓанскиот сектор на тема како до почиста околина се содржани во видеото. Преку оваа активност, „Медиум“ се вклучува во кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ што ја спроведува Институтот за комуникациски студии.