Таксистката Тина и патникот Томо имаат четири случајни средби во различни делови од Скопје. Томо воопшто не смета дека треба да делува за проблемите кои ги посочува Тина „напнатина“, како што ја именува тој. Сепак Тина е упорна во притисокот кон него да стане активен член на општеството – да реагира, наместо да игнорира.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.