Со замена на прозорци и врати, котли на пелети и гас, фотоволтаични системи, топлински пумпи и сончеви колектори домаќинствата ќе заштедат и помалку ќе го загадуваат воздухот, вели Игор Панчевски, технички експерт на програмата GEFF на Европската банка за обнова и развој.
 
Видеото е извадок од панел-дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“, што Институтот за комуникациски студии ја организираше во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.