Домаќинствата во Македонија можат да произведуваат електрична енергија до 4 киловати, што се доволни за потребите на едно домаќинство, но се` уште не е дозволено ако произведуваат повеќе, поединечно или во кооперативи, да го продаваат на мрежата и да остваруваат приходи, вели Александар Јовановски од невладината организација „Гоу грин“.
 
Видеото е извадок од панел-дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“, што Институтот за комуникациски студии ја организираше во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.