Клучот и центарот на секоја активност треба да бидат намалени климатски промени, затоа што тие се предизвик и можност за раст и развој, вели Теодора Обрадовиќ Грнчаровска од Министерството за животна средина.
 
Видеото е извадок од панел-дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“, што Институтот за комуникациски студии ја организираше во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.