Околу 230 милиони евра ќе треба да се инвестираат во РЕК Битола во наредните десет години, што ќе повлече и инвестиции за отворање нови рудници, а увозот на струја исто така не е решение. Во такви услови, единствени опции за снабдување со енергија се енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, вели д-р Александар Дединец од МАНУ.
 
Видеото е извадок од панел-дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“, што Институтот за комуникациски студии ја организираше во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.