Да се запре изградбата на мали хидроелектрани, да се дадат субвенции за филтри на оџаците на производните капацитети и да се отстрануваат од сообраќај возилата кои најмногу загадуваат. Ова се некои од мерките за намалување на загадувањето кои ги предлага Аријанит Џафери од „Еко герила“.
 
Видеото е извадок од дебатниот настан „Аргумент: Организирано аргументирање“ којшто Младинскиот образовен форум го организираше во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.