За греење се троши 40 проценти од вкупната енергија во Европа. Затоа ќе треба да ја намалиме потрошувачката на енергија за топлински цели колку што може повеќе. Ако споредиме различни решенија за затоплување на домаќинствата, најдоброто секако ќе бидат топлинските пумпи, вели регоналниот експерт по енергетика Невен Дуиќ во излагањето на конференцијата „Климатскa акција: Да се спречува и да се лекува“. Институтот за комуникациски студии ја организираше конференцијата како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.
Топлинските пумпи се најдобро решение за затоплување на домаќинствата
- Кликови: 3410