Она што денес го имаме е прилично жестока битка на граѓаните да се сочува секое дрво и секоја зелена површина. Ако очекуваме дека ќе имаме ризици на одредени простори каде што е подобро да имаме зелена површина отколку изграден простор, тоа земјиште треба да го обезбедиме за зелени површини, вели професорката по пејсажна архитектура Стефанка Хаџи Пецова во излагањето на конференцијата „Климатскa акција: Да се спречува и да се лекува“. Институтот за комуникациски студии ја организираше конференцијата како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.