kolektori.png

Во три основни училишта во Куманово поставени се  фотонапонски системи кои сами произведуваат електрична енергија. Поставените колектори се уште не фунцкионираат. Но, наскоро ќе бидат ставени во функција.

Оваа недела во основното училиште во село Табановце се поставени колектори. Овие колектори ќе произведуваат алтеративен извор на енергија

Северна Македонија не ја искористува сончевата енергија затоа што недостасуваат субвенции, стимулација, законска регулатива за репроматеријали за производство на сончеви колектори. Соларното зрачење на годишно ниво е 1500 киловат часови на метар квадратен.

„Можам слободно да кажам дека имаме најдобри климатски услови, соларно зрачење 1500 киловат часови на метар квадратен годишно, што спаѓаме во региони со најдобри услови за искористување на сончева енергија. Но, дали е така во искористувањето одговорот е не“, изјави Насов, претседател на соларна асоцијација на СРМ.

Во Куманово речиси секоја втора куќа има колектор. Пред камерата не сакаат да зборуват, но во неформален разговор, велат дека на месечно ниво, во летниот период заштедуваат 25 евра.

За едни исплатлива, но за други колекторите се скапа инвестиција.

Покрај тоа што државата доделува субвенции за поставување на колектори, заради енергетска ефикасност Општината Куманово доделува субвенции во висина 150 евра на семејствата кои сакаат да се приклучат на гасификациона мрежа.

„На овој начин ќе се постигне заштеда на електринча енергија со вкупен износ на годишно ниво 4 ипол илјади евра и воедно се постигнува ниво на енергетска ефикасност. Ги поздравувам сите институции кои што учествуваа во реализација на овој проект на самите училишта“, вели градоначалникот Максим Димитриевски.

Четири члено семејство кое троши околу 150 литри вода на ден, месечно треба да издвои околу 25 евра за електрична енергија која ја користи за загревање на водата. Инсталацијата на два колектори чини околу 1000 евра.

Во период од четири години инвестицијата се исплаќа. Сончевата енергија која се користи е бесплатна.

РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА