Во Скопје луѓето се привидно отпорни на аерозагадување, но од година во година тие влегуваат во т.н. ранлива група. Децата, градежните и земјоделските работници и социјално маргинилизираните групи се посебно ризични.

На седницата на Советот за безбедност во средината на декември, ќе бидат поканети претставници на граѓански организации да предложат мерки за заштита на животната средина и справување со загадувањето, најави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на конференцијата „Климатски промени: Да се спречува и да се лекува“.

Работете со страст во градењето на свеста и вршете им притисок на институциите. Барајте промена. Владата треба да ја стави животната средина како врвен приоритет, повика британската амбасадорка Рејчел Галовеј во излагањето на конференцијата „Климатски промени: Да се спречува и да се лекува“.

Со преминот кон циркуларна економија се откриваат нови работи, се креираат нови соработки и се создаваат работни места поврзани со дигиталната технологија, вели Ладеја Година Кошир, експерт за циркуларна економија од Словенија, во излагањето на конференцијата „Климатски промени: Да се спречува и да се лекува“.

За греење се троши 40 проценти од вкупната енергија во Европа. Затоа ќе треба да ја намалиме потрошувачката на енергија за топлински цели колку што може повеќе. Ако споредиме различни решенија за затоплување на домаќинствата, најдоброто секако ќе бидат топлинските пумпи, вели регоналниот експерт по енергетика Невен Дуиќ во излагањето на конференцијата „Климатски промени: Да се спречува и да се лекува“.

Зголемувањето на надоместоците ќе даде сигнал дека увозот на стари возила придонесува за загадувањето на воздухот, вели Ана Петровска, државна секретарка во Министерството за животна средина во излагањето на конференцијата „Климатски промени: Да се спречува и да се лекува“.

Оној што ќе троши или произведува повеќе јаглеродни оксиди, ќе плаќа повеќе, предлага универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Никола Поповски во излагањето на конференцијата „Климатски промени: Да се спречува и да се лекува“.

Не постои механизам да го земете воздухот и да го однесете некаде и затоа овој план, аргументирам, е добар за да се справиме со изворите на загадување.

Да се запре изградбата на мали хидроелектрани, да се дадат субвенции за филтри на оџаците на производните капацитети и да се отстрануваат од сообраќај возилата кои најмногу загадуваат. Ова се некои од мерките за намалување на загадувањето кои ги предлага Аријанит Џафери од „Еко герила“.

Околу 170 средношколци од 14 училишта од целата држава учествуваа на Медиумскиот ден што го организираше Институтот за комуникациски студии.

2049 година. Тина и Томо посетуваат неколку места во Македонија и се присетуваат како било во минатото. На Скопје се сеќаваат само на смогот, од Охрид го паметат големиот помор на пастрмки, а на северната македонска граница им завидуваат на соседите што ја обновиле природата со обновлива енергија. Погледнете го најновото од серијалот видеа на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Мислам дека повеќето во државава не се заинтересирани доволно за овакви ствари, па тука сум јас колку можам повеќе да замарам за вакви теми, и можда ќе влезе нешо у глава. Погледнете што има да ви каже влогерот Никола Димов познат како Nikola’s art house.

Градот Скопје смета дека носењето на гасот до домаќинствата мора да го води градот преку постоечката топловодна мрежа зашто така би било поефтино. Од Министерството за економија, пак, велат дека такви капацитети немаат сите општини во Македонија, а помалку домаќинства приклучени на гасоводна мрежа значи поскап гас.

Што ако во атмосферата додаваме јаглерод диоксид? Toa значи дека ако сме ставиле изолација од 2 сантиметри на нашата зграда, сега треба да ставиме од 8 сантиметри, вели проф. д-р Димитар Димитров, Факултет за електротехника и информациски технологии.

Со замена на прозорци и врати, котли на пелети и гас, фотоволтаични системи, топлински пумпи и сончеви колектори домаќинствата ќе заштедат и помалку ќе го загадуваат воздухот, вели Игор Панчевски, технички експерт на програмата GEFF на Европската банка за обнова и развој.

Домаќинствата во Македонија можат да произведуваат електрична енергија до 4 киловати, што се доволни за потребите на едно домаќинство, но се` уште не е дозволено ако произведуваат повеќе, поединечно или во кооперативи, да го продаваат на мрежата и да остваруваат приходи, вели Александар Јовановски од невладината организација „Гоу грин“.

Клучот и центарот на секоја активност треба да бидат намалени климатски промени, затоа што тие се предизвик и можност за раст и развој, вели Теодора Обрадовиќ Грнчаровска од Министерството за животна средина.

Околу 230 милиони евра ќе треба да се инвестираат во РЕК Битола во наредните десет години, што ќе повлече и инвестиции за отворање нови рудници, а увозот на струја исто така не е решение. Во такви услови, единствени опции за снабдување со енергија се енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, вели д-р Александар Дединец од МАНУ.

Загаден воздух?! Касниме со темата можеби 5 месеци, ама истото ќе го зборуваме до 2030. Погледнете го влогот на Никола Димов познат како Nikola’s art house кој го изработи за кампањата #НеИгнорирај #Реагирај и дознајте неколку „не толку fun факти“ за загадувањето на воздухот.

Активистката Тина и студентот Томо не запираат да алармираат за загадувањето на животната средина. Изнајмија тезга на пазар за да укажат дека загадувачите на почвата завршуваат на нашите трпези, се натпреваруваа во „Шишелов" - ловење шишиња од Вардар и организираа герила акција за отстранување од сообраќајот на возилата кои не ги исполнуваат еко стандардите.

Активистката Тина изнајми тезга на пазар за да укаже дека загадувачите на почвата завршуваат директно на нашите трпези. Погледни како го убеди студентот Томо да реагираат заедно.

Во македонските реки има толку многу отпад што активистката Тина и студентот Томо наместо да рибарат, си организираа натпревар кој го нарекоа „Шишелов" - ловење шишиња од Вардар.

Голем број возила не ги исполнуваат ниту најниските еколошки стандарди и се меѓу најголемите загадувачи на воздухот, па активистката Тина и студентот Томо организираа герила акција за отстранување на ваквите возила од улиците.

За запуштениот парк „Славка Недиќ“ во Дебар Маало, група студенти по архитектура предлагаат нови содржини за негово заживување - со зеленило, рекреативни патеки и игралиште за деца, со простор за седење и одмор на отворено и затворено.

Површината од некогашниот парк „Славка Недиќ“ во Дебар Маало се користи за паркирање. Уништена е опремата од паркот и парковското зеленило, клупите се намачкани со катран, а ѓубрето се фрла околу контејнерите. Анимацијата за враќање на паркот во функција го изработија студенти од Архитектонскиот факултет - Скопје.

На улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало има нејасно движење на сите видови сообраќај, а не е безбедно за пешаци и велосипедисти. Недостига и простор за шетање, лица со колички, родители со деца, како и маркет или друг комерцијален простор. Решението го нудат група студенти од Архитектонскиот факултет - Скопје.

Погледнете ја визијата насловена Walkable CIty за делови од градежно узурпираното Дебар Маало, која ја изработија група студенти од Архитектонскиот факултет - Скопје.

Иако блиску до Градскиот парк, на жителите на Дебар Маало им е потребно место да се задлабочат во кој било дел од денот, за да избегаат од секојдневниот метеж, да го испијат своето кафе, да поразговараат со своите најблиски. Видеото го изработија група студенти од Архитектонскиот факултет - Скопје.

Погледнете ја визијата за делот кај Идадија во Општина Центар на група студенти од Архитектонскиот факултет - Скопје.

Наше право е да живееме во чиста и здрава средина, но уште поважно: наша одговорност е да се грижиме таа да остане чиста и здрава. Околината влијае на нашето здравје, на начинот на живот, па дури и на нашето расположение. #Реагирај за почиста околина!

Видеото е извадок од едукативното видео „Реагирај за поубав град“ што Институтот за комуникациски студии го изработи како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Видеото е извадок од едукативното видео „Реагирај за поубав град“ што Институтот за комуникациски студии го изработи како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Видеото е извадок од едукативното видео „Реагирај за поубав град“ што Институтот за комуникациски студии го изработи како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Видеото е извадок од едукативното видео „Реагирај за поубав град“ што Институтот за комуникациски студии го изработи како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Таксистката Тина и патникот Томо имаат четири случајни средби во различни делови од Скопје. Томо воопшто не смета дека треба да делува за проблемите кои ги посочува Тина „напнатина“, како што ја именува тој.

Излагање на професорката на Архитектонскиот факултет Мери Батакоја на форумот „Шанса за Скопје - Во каков град сакаме да живееме“, што го организираа граѓанската иницијатива Здравје пред профит и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Излагање на урабнистичкиот планер Стефан Лазаревски од здружението „Тајфа архитекти“ на форумот „Шанса за Скопје - Во каков град сакаме да живееме“, што го организираа граѓанската иницијатива Здравје пред профит и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Излагање на психотерапевтката Светлана Карбевска на форумот „Шанса за Скопје - Во каков град сакаме да живееме“, што го организираа граѓанската иницијатива Здравје пред профит и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Излагање на Љубо Георгиев од граѓанската иницијатива „Визија за Софија“ на форумот „Шанса за Скопје - Во каков град сакаме да живееме“, што го организираа граѓанската иницијатива Здравје пред профит и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Излагање на Боран Ивановски од НАЛАС на форумот „Шанса за Скопје - Во каков град сакаме да живееме“, што го организираа граѓанската иницијатива Здравје пред профит и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Излагање на претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска на форумот „Шанса за Скопје - Во каков град сакаме да живееме“, што го организираа граѓанската иницијатива Здравје пред профит и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Излагање на деканот на Шумарскиот факултет Кирил Сотировски на форумот „Шанса за Скопје - Во каков град сакаме да живееме“, што го организираа граѓанската иницијатива Здравје пред профит и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Излагање на професорката по урбанизам Дивна Пенчиќ на форумот „Шанса за Скопје - Во каков град сакаме да живееме“, што го организираа граѓанската иницијатива Здравје пред профит и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Излагање на Беким Имери од Светска банка на форумот „Шанса за Скопје - Во каков град сакаме да живееме“, што го организираа граѓанската иницијатива Здравје пред профит и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Излагање на градоначалникот на Велес Аце Коцевски на форумот „Шанса за Скопје - Во каков град сакаме да живееме“, што го организираа граѓанската иницијатива Здравје пред профит и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Вербалните навреди кои меѓу себе си ги упатуваат невладините организации, противници за отворање на рудникот Иловица – Штука и претставници на компанијата – концесионер „Еуромакс“ се заоструваат.

Два главни града, исти предизвици: Скопје се гуши во урбанистичка презаситеност во отсуство на стратегија како да се негува јавниот простор и хуманото живеење.

Информации

logo-footer1.png

iks logo footer

© 2019, Институт за комуникациски студии

Контакт инфо

+389 2 30 90 004       info@iks.edu.mk

Пребарај