Деведесет средни училишта во Македонија добија научни постери за влијанието на климатските промени врз биолошката разновидност во земјава, кои Институтот за комуникациски студии (ИКС) во соработка со ЗЕЛС ги изработија и поделија во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Околу 80 средношколци и професори од неколку градови во земјава разговараа со македонскиот претседател Стево Пендаровски за справувањето со предизвиците од климатските промени и заштитата на животната средина.

Стотина велешани денеска собраа повеќе од 150 килограми пластични шишиња од повеќе локации во Велес. Во акцијата беа опфатени зградите околу Центарот за јавно здравје, градскиот пазар и околу автобуската станица, а се приклучија волонтери од основното училиште „Блаже Конески“, полицијата и јавното комунално претпријатие.

Факултетот за природни и технички науки од Штип и Институтот за комуникациски студии од Скопје Ве покануваат на презентацијата на резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот, водата и почвата во скопскиот и штипскиот регион.

Жителите на Општина Карпош отсега на едно место можат да се информираат каде да го собираат и селектираат отпадот во општината.

Младите новинари од „Медиум“ известуваа од прославата за роденденот на кралицата на Обединетото Кралство што на 13 јуни го организираше Британската амбасада во Македонија во Музејот на современа уметност во Скопје.

Истражувачкото друштво на студенти биолози, во соработка со Институтот за комуникациски студии Ве поканува на изложбата на био фотографии на тема „Урбани безрбетници“, која ќе се одржи во среда (19 јуни) од 19 до 21 часот во мултимедијалниот клуб „Кафе и филм Котур“.

Решенија за урбанистичко преобликување на скопско Дебар Маало понудија 70-тина студенти на Архитектонскиот факултет - Скопје на јавната презентација што се одржа пред Општината Центар.

Дебар Маало, како една од најатрактивните локации за живеење во Скопје, е под постојан притисок на интензивна градба. Ваквата состојба резултира со намалување на јавните простори и намалување на комплетниот квалитет на живот.

Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамките на камањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ организираат научно-едукативен настан за значењето на урбаниот биодиверзитет, кој ќе се одржи на 10 јуни (понеделник) од 10 до 12 часот во Градскиот парк во Скопје (кај Школка).

Стотина активисти на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ и граѓани волонтери го исчистија сметот кај стариот автополигон под скопското Кале. „Не биди ѓубре“ изминатите десет месеци организираа еколошки акции на над 40 локации во повеќе градови во Македонија.

Дали би ви користел собирен центар за отпад во кој ќе можете да подарувате предмети кои не ви се потребни? Дали би сакале хоби катче за реставрирање и реупотреба на стари предмети? Дали би компостирале со црви за производство на хумус и за садење растенија на места кои сега се микро депонии?

Минатата година во Македонија биле создадени околу 855.000 тони комунален отпад, но собрани се 230.000 тони помалку или околу 625.000 тони, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Првиот скопски извиднички одред и Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ Ве покануваат на традиционалната извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019“ на тема „Еко херои“, што ќе се одржи на 1 јуни (сабота), во 10 часот, во Градскиот парк во Скопје.

Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ му беше претставена на принцот Едвард, грофот од Весекс, на приемот што во негова чест го организираше Британската амбасада во Скопје.

Институтот за комуникациски студии в четврток, 9 мај 2019 год., од 11.30-13 ч. во ЕУ Инфоцентар ќе ги додели наградите за најдобар медиумски производ на средношколскиот конкурс „Изрази се преку медиумите“.

Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ ги повикува средношколците во Македонија да се пријават на конкурсот за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“ на тема „Сакам да живеам во чиста околина“.

Истражувачкото друштво на студенти биолози, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ го објавува деветиот конкурс за биофотографија.

Бучавата од сообраќајот на одредени места покрај училишта и болница во Скопје и во Битола е дури два пати повеќе од дозволеното, покажуваат мерењата што го направија Техничкиот факултет во Битола и Институтот за комуникациски студии во Скопје во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Како загадувањето од луѓето влијае врз почвата и водата? Зошто е значајно да ја заштитиме биолошката разновидност? Проучувајте го животинскиот свет во почвата и водата и осознајте го значењето на секој организам во синџирот на исхрана.

Согорувањето на медицинскиот отпад во Дрисла е голема закана, комуналните претпријатија го собираат отпадот главно во градовите со камиони и од контејнери кои се стари и оштетени, голем дел од отпадот се расфрла на диви депонии, а рециклирањето го вршат само приватни компании.

Машинскиот факултет во Скопје и Институтот за комуникациски студии Ве покануваат на јавната презентација на решенија за ефикасно управување на отпадот во Македонија, која ќе се одржи на 17 април (среда) од 11:15 до 12:15 часот во Амфитеатарот на Машинскиот факултет.

Урбаните градини се особено важни за градовите во кои луѓето се стремат значително да го зголемат урбаното зеленило.Урбаните градини се особено важни за градовите во кои луѓето се стремат значително да го зголемат урбаното зеленило.

Информации

logo-footer1.png

iks logo footer

© 2019, Институт за комуникациски студии

Контакт инфо

+389 2 30 90 004       info@iks.edu.mk

Пребарај