rabotilnici-za-mladi-i-deca-zivotinskiot-svet-znacaen-za-zivotnata-sredina.jpg
Работилници за млади и деца „Животинскиот свет значаен за животната средина Како загадувањето од луѓето влијае врз почвата и водата? Зошто е значајно да ја заштитиме биолошката разновидност? Проучувајте го животинскиот свет во почвата и водата и осознајте го значењето на секој организам во синџирот на исхрана. И тоа преку игри и набљудување на различни инсекти и примероци кои живеат во вода.
 
Лабораторијата за инвертебрата и анимална екологија, Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ организираат интерактивни работилници „Животинскиот свет значаен за животната средина“. Работилниците се наменети за деца од четврто до осмо одделение и ќе се одржуваат на Природно-математичкот факултет во Скопје.
 
Работилниците ќе почнат да се одржуваат од 6 мај 2019. Ќе се организираат секој работен ден, во времетраење од два часа во периодот од 8 до 15 часот, и во сабота ако се формира група од најмалку 10 учесници.
 
Работилницата може да се организира само со претходна најава, а терминот за училишните посети ќе биде договорен со училиштето.
 
Лице за контакт: Ангела Тасеска, Лабораторијата за инвертебрата и анимална екологија - Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo., 070 740 150
 
ПРОГРАМА НА РАБОТИЛНИЦАТА