skopje-zagadeno-zagaduvanje-magla-39xx9w4jbpk3da0anoary8.jpg

Струја, нафта, пелети, дрва и милионски суми за загревање на домовите и јавните објекти. Зимата во МАкедонија троши 40 проценти повеќе  енергија заради старите, дотраени и енергетски не ефикасни објекти.  Такви во земјава се 9 од 10 згради и куќи или сите изградени до 2010 година.

Европската унија и земјите членки дошле до сознанија дека заради производството на енергија која се троши за ладење и греење на објектите кои се енергетски нефикасни воздухот е за 36 проценти позагаден. Вчерашната ноќ Скопјани дишеа 65 пати повеќе опасни и отрвони честички од дозволените, Зад не го се гушеа граѓаните на Струмица,Тетово, Гостива, градови кои немаат индустрија, но немаат централно греење ниту енергетски ефиаксни објекти.   Македонија за решавање на проблемот со енергетската неефиакснсотн а објектите не само што прави премалку туку и тоа е погрешно. Според професорката на градежниот факултет Мери Цветковска замената на фасадите во неколку скопски општини изминатите години не е направено според процедурите.

И градежниците и научниците прстот го вперуваат во владата. Ако сакаме европски стандарди, почист воздух и помали сметки за струја цената на промените ќе мора да ја плати владата. Субвенционирарњето за преобразба на објектите од нефикасни во енергетски ефикасни е мерка која треба да отпочне што поскоро, вели Цветановска.

Објектите во државна сосптвеност се премалку, а повеќето се станбени згради и куќи чиишто соспственици не одвојувале средства за промена на фасади, прозорци и врати.

Овој процес од земјите од опркужувањето прва го отпочна Бугарија користејќи фондови од евроспската унија. Ако МАкедониај сака да приближи до ЕУ ќе мора да да ги намали ефектите од загадувањето или да го намали произвдоствот на енергија од нееколошки извори која се користи за греење и ладење на енергетски неефикасните објекти ширум земјата.

Павле Беловски

Прилогот е првично објавен ТУКА.