ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ ИНТЕРЕС И ПОПОЛНЕТИОТ БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ, ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА РАБОТИЛНИЦАТА Е ЗАВРШЕНО.
Урбаните градини се особено важни за градовите во кои луѓето се стремат значително да го зголемат урбаното зеленило. Меѓутоа, урбаните градини не се само дел од урбаното зеленило, туку тоа се простори на кои се засадени градинарски култури кои луѓето можат да ги користат за исхрана. Покрај во дворовите, урбаните градини може да се засадат на балкон или дури и покрај прозорите.
Ботаничката градина при Природно-математичкиот факултет, Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ организираат работилница за садење и одржување на урбани градини, која ќе се одржи на 22 март (петок) од 10 до 13 часот, во Ботаничката градина (кај Природно-математички факултет). Работилницата е бесплатна, а семенските материјали ќе бидат обезбедени од наша страна.
Работилницата за урбани градини се состои од неколку делови кои ќе се реализираат од засадување на градината до собирање на плодовите:
1. Обука за најмногу 20 учесници за значењето на урбаните градини и начинот на нивно садење;
2. Посети и практично илустрирање и помагање на секој од учесниците за:
- Сеење на семе во контењери, мали чашки или леи за да се направи расаден материјал (препораки за видот на градинарските култури, засадување на дополнителни растенија кои имаат улога во биолошката контрола на штетници во урбаните градини итн.);
- Подготовка на теренот за засадување на расадните материјали во зависност од културите што ќе се одгледуваат;
- Садење на расадните материјали;
- Понатамошноодржување на градинарските култури (прихрана, прскање, плевење, копање, грлење и сл.);
- Кон крајот на вегетациската сезона откако ќе се соберат плодовите, корнење на растенијата и подготовка на теренот за следната година.
На работилницата може да се пријават сите кои живеат во градски средини и имаат дворови (зграда или куќа) кои можат да ги искористат за засадување на урбани градини.
Пријавувањето е на Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo. најдоцна до 17 март 2019.
Лица за контакт:
Цветанка Цветкоска, Ботаничка градина - Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.; 070 307 428
Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии – Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo., 071 317 661