Секторот Енергетика создава најмногу стакленички гасови во воздухот, пред се` поради употребата на фосилни горива, и најмногу придонесува за штетните влијанија од климатските промени, се наведува во Вториот двогодишен извештај за климатските промени во Македонија. Дури 80% од потребите за електрична енергија се задоволуваат главно со употреба на јаглен, додека количеството струја произведено од обновливи извори на енергија изнесува само 11% од вкупното производство на енергија. Ако не се намали доминантното користење на фосилни горива за производство на струја, според климатските сценарија за Македонија, во наредните педесетина години не очекуваат потопли лета, помалку врнежи и екстремни временски појави. Тоа ќе предизвика проблеми во земјоделството, водните ресурси, здравствениот систем, туризмот, биолошката разновидност... Дали е можен бизнис во земјава, а да се зачува животната средина? Кои се поволностите за домаќинствата и бизнис секторот од енергетската ефикасност со која ќе штедат и ќе ја штитат околината?
Ве покануваме да учествувате на панел дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“, која ќе се одржи на 24 септември (вторник) од 10:30 до 13:30 часот во „Холидеј Ин“ (сала Милениум 1).
На настанот ќе говорат политичари, креатори на политики, професори, претставници на бизнис секторот и граѓански активисти.
АГЕНДА
10:30:11:00 |
Регистрација |
11:00-11:05 |
Воведно обраќање Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии |
Прв панел: Дали е можен бизнис, а да се зачува животната средина? Модератор: Горан Теменугов
|
|
11:05-11:15 |
Дали законите за енергетика и нафтени деривати се во функција на животната средина? Крешник Бектеши, министер за економија |
11:15-11:25 |
Судбината на РЕК Битола и дали би имале струја без него Александар Дединец, научен соработник во МАНУ |
11:25-11:35 |
Климатските промени - сериозна опасност и за бизнисот Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, Министерство за животна средина и просторно планирање |
11:35-11:45 |
Дали гасификацијата на градовите ќе го намали аерозагадувањето? Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје |
11:45-12:15 |
Дискусија
|
Втор панел: Како со енергетска ефикасност ќе ги ублажиш климатските промени: штеди и штити Модератор: Верица Јорданова
|
|
12:15:12:25 |
Улогата на домаќинствата и граѓаните во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија Антонио Јовановски, НВО „Гоу грин“ |
12:25-12:35 |
Ублажување на климатските промени со користење фотоволтаични системи проф. д-р Димитар Димиров, Факултет за електротехника и информациски технологии |
12:35-12:45 |
Поволности за домаќинствата за инвестирање во енергетска ефикасност Игор Панчевски, Европска банка за обнова и развој |
12:45-12:55 |
Потребите и поволностите на бизнис секторот Димитар Ковачевски, ПВМАК Асоцијација на компании за производство, проектирање и изведба на фотоволтаични системи |
12:55-13:05 |
Ефектите од енергетската ефикасност врз животната средина: Австрија и Македонија Илија Ќироски, ЕВН |
13:05-13:30 |
Дискусија |
Панел дискусијата се организира во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.
Контакт лице:
Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии - Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo., 071 317 661