Избрани најдобрите три фотографии од деветтиот по ред биофото конкурс кој го организира Истражувачкото друштво на студенти биолози, во соработка со Институтот за комуникациски студии. Овогодишниот конкурс беше на тема: „Урбани безрбетници“, а 130 фотографии ја отсликаа биолошката разновидност во урбаните средини.
Првото место го освои фотографијата на Огнен Бојковски, второто на Антица Стојанова и третото место на Милош Велковиќ. Изборот го направи комисијата составена од професори по биологија и фотографи, која го зеде предвид и гласањето на Фејсбук. Сите пристигнати фотографии беа изложени во мултимедијалниот клуб „Кафе и филм Котур“.
Изложбата се организира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.
Фотографиите од настанот преземете ги ТУКА.