На општините им се потребни средства за да функционираат и проблемот со загадувањето не можат да го решат без помош од државата, вели градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.
 
Видеото е извадок од дебатниот настан „Аргумент: Организирано аргументирање“ којшто Младинскиот образовен форум го организираше во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.